И не така тајната средба во хотел "Сириус" ја потврдија Јанчев, Тодоров и Зоран Заев, сведоци говорат дека на неа бил и братот на премиерот, кој сеуште не се огласил со изјава

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 ноември, 2018 8:31

Зошто Заев молчи дали Вице бил на состанокот со Јанчев и Тодоров?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Имено веста дека имало тајна средба, веќе не е вест, средбата јавно ја потврдија и Тодоров и Јанчев и премиерот Заев, останува енигма зошто никој не прашал дали Вице’то бил на состанокот?

Имено во вторникот се обелодени дека изминатата сабота вечерта во хотелот „Сириус“ во Струмица се одржала средба меѓу градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и поранешниот министерот Никола Тодоров од една и премиерот Зоран Заев и неговиот брат Вице, од друга страна.

Очевидци тврдат дека средбата се одржала во познатиот хотел „Сириус“,  некаде во периодот меѓу 20 и 20:30 часот.

Темите на средбата која не остана тајна долго време ги потврдија прво градоначалникот на Кавадарци, па детали истакна премиерот Заев а последен за формата и содржините проговори и адвокатот Никола Тодоров.

Меѓутоа ниту еден медиум не го запраша Заев дали е точно дена на истата бил присутен и неговиот брат Вице Заев, за кој медиумите информираа дека бил на средбата.

Имено Вице Заев по обвинувањата на потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ Александар Николоски дека ортачи со Мијалков, Јанчев и Тодоров најави кривична пријава и побара јавно извинување.

Тогаш братот на премиерот изјави дека е обичен бизнисмен кому денот му почнува рано за завршува касно и дека апсолутно нема допирни точки со политичкиот ангажман на неговиот брат, актуелен премиер и претседател на СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.