Сергеј Самсоненко вообичаено сите натпревари ги следи од ложата во СЦ „Јане Сандански“

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 април, 2019 11:03

Зошто Самсоненко вчера не се појави и не ги испрати Вардарци во историја?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На вчерашниот последен натпревар во овој победнички состав на македонскиот првенец во ракомет Вардар, кој ја оствари целта и на последниот меч во Скопје од Лигата на шампионите во рамки на четвртфиналето со 31-23 (14-12) славеше над унгарски ПИК Сегед и си обезбеди залиха пред реваншот во Унгарија не се појави првиот човек на клубот Сергеј Самсоненко.

Сергеј Самсоненко кој е прв човек на ракометниот клуб Вардар, а воедно и финансиер си заминува од клубот.

Сергеј Самсоненко вообичаено сите натпревари ги следи од ложата во СЦ „Јане Сандански“ и ги бодри ракометарите, но вчера не се појави да го испрати шампионскиот тим, кој тој го создаде, во историја.

Според информациите до кои дојде „СПОРТМЕДИА“, Русинот немал срце да се збогува со Вардарци. Тој дуелот, во кој Вардар го даде најдоброто од себе, го следел дома, на малите екрани.

Првиот човек и спонзор на ракометниот клуб Вардар пред неколку дена ја извести јавноста дека од следната сезона нема повеќе да ги финансира Вардарци, што беше големо разочарување и за нив и за сите фанови на Вардар.

Изминува веќе 7-та година од моето раководење и финансирање на ракометот во државата, започнувајќи од ЖРК Вардар во 2012 година и веќе во 2013 година приклучувајќи го и РК Вардар. Од седумте години поминати во ракометот за жал изминува веќе третата година како јас лично се борам од ден за ден за издржување на клубот, со постојано задолжување и земање на кредити. Покрај оваа борба која ја водам секој ден зад мене има повеќе од 5000 вработени во моите компании кои ги издржувам со нивните семејства и кои не сакам да ги загрозувам, а веќе тоа се одразува со моето постојано задолжување за спортот, рече Самсоненко за заминувањето.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.