Шокантни информации на претседателскиот кандидат на власта

Објавил: Узунов Бобан | 6 март, 2019 23:20

Зошто Стево Пендаровски изјави дека го следи странска разузнавачка служба ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Претседателскиот кандидат на власта Стево Пендаровски изјави дека 24 часа него и неговото семејство го следи странска разузнавачка служба блиска до опозицијата. Дали со овие изјави Стево Пендаровски  преку себевиктимизација сака да го покрие катастрофалното двегодишно владеење на СДСМ   измислувајќи имагинарен непријател за  наративот во кампањата повторно да биде борба против режим, Груевски и неговите остатотоци,итн итн,  сакајќи да се претстави како јагне во волчјо дувло. Само заборава да спомене дека партијата која го предлага за претседател во 2016 година тој ја нарекуваше криминална. Толку од принципиелноста. 

Стево Пендаровски како кандидат на ДУИ и СДСМ треба да му биде јасно дека две години овие партии ја раководат државата и ја партизираа и фамилијаризираа секоја институција. Сигурно може да му обезбедат информации и заштита ако некој го следи. Но се прашуваме дали преку себевиктимизацијата и измислување на непријатели кои треба да бидат лошите момци од кои Стево треба да ја спасува Македонија и да ја извади државата на патот кон ЕУ и НАТО мисли дека ќе ја води кампањата.

Кандидатот за претседател од СДСМ Стево Пендаровски уловен во нешто поголема кола од онаа што ја пријавил (имено ЗАСТАВА ЈУГО) Дали е ова сегашна фотографија немаме потврда но очигледно овде завршува искреноста на кандидатот на СДСМ. Бидејки и во случај да е овој луксузен автомобил на неговата сопруга, редно било тој тоа да го каже, бидејки сепак се работи за Претседател, татко на нацијата, а нели тој треба да биде искрен и само искрен?

Г-динот Стево Пендаровски како претседателски кандидат треба да даде одговор зошто пред две години сметал дека секое решение за името треба да се потврди на референдум, а денеска не убедува во спротивното. Стево Пендаровски треба на дел од народот кој го нарече стока да одговори зошто власта има  нула капитални инвестиции на власта, за непотизмот на неговите партиски другари и другарки и ред други скандали за кои тој како претседателски кандидат мора да има став. Се друго е дефокусирање од реалните проблеми на граѓаните. А доколку  се загрозени неговата безбедност и приватност, одговорот е кај партиите кои го предлагаат за претседател и од тоа нема никаква потреба за политичка реклама и билдање на рејтинг. 

24 часа мене, а веројатно и моето семејство, ме следи странска разузнавачка служба блиска до наша голема опозициска партија. За 10 дена неколку пати се објавуваат фотографии од тоа каде се движам, вели Стево Пендаровски, консензуален кандидат за претседател на владејачката структура во интервју за 1 ТВ.

– Ова е само сигнал, насоката во која ќе се движи кампањата за претседател, само што ќе биде уште повалкана. Мене не ми се блиски подземни кампањи, јас ќе одговорам со аргументи и јавно. Остатоците од режимот не смеат да бидат толерирани, тоа е работа на институциите од оваа власт – вели претседателскиот кандидат.

Пендаровски вели дека пред пет години, во време на режим, врз него немало физичко следење, а телефоните му биле прислушувани четири години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.