По оргазмот, во телото се лачи хормонот пролактин, кој е одговорен за чувството на одмореност

Објавил: admin@magazin | 5 септември, 2018 14:01

Зошто треба да имате секс секој ден?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дали се соочувате со стрес? Дали имате проблем со спиењето? Изгледа дека голем дел од ваквите проблеми меѓу другото се предизвикани и од нередовниот секс.

Ова се причините зошто треба да имате секс секој ден.

Сексот го намалува стресот

Ако имате долг ден на работа и се чувствувате уморни и напнато, тогаш сексот е најдобриот начин да го намалите нивото на стрес. За време на сексот, нашите тела лачат допамин, ендорфини и окситоцин кои заедно го победуваат стресот и го зголемуваат чувството на среќа.

Сексот е активност во која секогаш можете да уживате

За многу луѓе, вежбањето е напорна работа која мораат да ја прават постојано. Но, сексот е нешто во што секогаш можете да уживате. За време на сексот, човековото тело доживува физиолошки промени кои се слични на редовното вежбање. Дишењето е забрзано, се трошат калории.

Сексот го подобрува имунолошкиот систем

Истражувачите на универзитетот Вилкс во Пенсилванија утврдиле дека оние студенти кои истакнале дека имаат секс барем два пати во текот на неделата имале повисоки нивоа на одредени антитела, за разлика од оние кои немале секс. За време на сексот, антигените како имуноглобинот А се лачат, што е докажано дека помага против грипот и настинките.

Сексот го намалува крвниот притисок и го штити срцето

Дури и само кога е набрзинка, сексот придонесува за значајно намалување на крвниот притисок. Тоа го докажуваат различни истражувања. Исто така, со оглед на тоа дека во тек на сексот се трошат калории, тоа го подобрува здравјето на срцето.

Сексот ја намалува болката

Доколку имате болка или мигрена, сексот има моќ да помогне дури и повеќе од мигрените. Според специјалистите за артритис, сексот е подобар лек од било која таблета, која докторите можаат да ја препишат.

Сексот придонесува за подобар сон

Исто како и вежбањето, сексот опушта и придонесува за поспаност, а со тоа и подобар сон. По оргазмот, во телото се лачи хормонот пролактин, кој е одговорен за чувството на одмореност и поспаност по сексот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Секс

Колку повеќе сте возбудени, толку полесно ќе уживате во сексот. Затоа дајте си време и потполно посветете и се на предиграта додека не бидете доволно влажни и возбудени.

Уживање во сексот со голем полов орган !

Ако сакаме да бидеме искрени, секоја жена би била пресреќна со партнер чија машкост...

Станува збор за смирувачката „баласана поза“ идеална за оние кои сакаат да ја ослободат својата внатрешна сексуалност, без разлика дали практикуваат јога.

СЕКС-ПОЗА за силен оргазам на жените (ФОТО)

Во природата на човекот е да го подобри секој аспект во животот, па ни сексот не е исклучок....

Сакате да ја вжештите атмосферата зад затворени врати? Еве неколку сознанија кои ќе ви ги интензивираат возбудата и желбата за уште поголема интимност:

КАКО ДО ПОЖЕЖОК СЕКС: ДОЗНАЈТЕ ЈА ТАЈНАТА ЗА СТРАСНИ СЕКСУАЛНИ ОДНОСИ!

Сакате да ја вжештите атмосферата зад затворени врати? Еве неколку сознанија кои ќе...

Не е препорачливо да имате див секс, особено не кога жената ќе влезе во третото тримесечје од бременоста, но сепак, повеќето работи поврзани со сексот се изводливи.

Секс пози во текот на бременоста!

Замислете си дека не сте имале секс девет месеци. Но, зошто воопшто би помислувале на...