Тој додаде дека писмата коишто Катица Јанева од притвор му ги пратила на Јовески не се љубовни писма за тој да ги крие...

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 јануари, 2020 15:42

Зошто Јовески ги крие писмата од Јанева, цениме дека не се работи за љубовни писма

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошовски вели дека тоа што најмногу ги интересира пратениците од најголемата македонска партија всушност е прашањето зошто главниот државен обвинител кој што збори за идниот закон за обвинителство не го почитува сегашниот закон за обвинителство.

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, член на работната група за законот за јавно обвинителство.

-Единствено тие што работеа на овој текст си ја пофалија својата работа, како академикот Камбовски, додека стручната јавност беше прилично конкретна и критична. Нашиот заклучок од јавната распава е дека најголемиот број на присутни стручни лица од правната и академската фела препорачаа овој Предлог закон за јавно обвинителство да се доработи од Министерството кое го предлага, рече Милошоски.

Тој додаде дека писмата коишто Катица Јанева од притвор му ги пратила на Јовески не се љубовни писма за тој да ги крие…

-Членот 60 од сегашниот закон за обвинителство и предлогот на Дескоска во иднина секогаш бил и ќе биде кога имате притворен јавен обвинител императивна норма е тој притворен обвинител да се одалечи од работното место. Штом се одалечува од работното место дали станува збор за Катица Јанева или друг јавен обвинител, тој обвинител не може да делегира наредби, задачи или одлуки поврзани со надлежноста на неговото работно место. Затоа цениме дека писмата коишто Катица Јанева од притвор му ги пратила на Јовески не се љубовни писма за тој да ги крие, ниту пак да ги донесе приватно да ни ги покаже туку се писма коишто јавноста треба да ги види за да се оцени зошто постапил незаконски и зошто не ја одалечил од работното место во моментот кога надлежни органи донеле одлука за притвор, рече Милошоски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести