Уште од времето кога јас бев новинар, се занимавме со албанскиот театар.

Објавил: Перо Милчин | 15 ноември, 2019 1:20

Зeкири до Османи: АЛБАНСКИ ТЕАТАР- Со тоа што козата се гордее, овцата се срами!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, ги критикуваше министрите на ДУИ, кои според него, се обидуваат да ги присвојат достигнувањата на Владата.

Зеќири посебно бил изиритиран од вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, затоа што се фалел дека ДУИ го направиле проектот за реновирање на албанскиот театар, објави Лајм.

Со тоа што козата се фали, овцата се срами, му порача Мухамед Зеќири на Бујар Османи.

Зекири вели дека тој се сеќава уште од времето кога бил новинар, и дека и од претходната Влада за реновирање на овој театар биле доделувани финасиски средства, кои некој ги злоупотребил или дури и ги украл.– Многу ме иритираше фалењето на заменик премиерот Османи со албанскиот театар.

Има една поговорка: Со тоа што козата гордее, овцата се срами. Уште од времето кога јас бев новинар, се занимавме со албанскиот театар. Многу пати и од поранешната Влада, доделени се многу средства за реновирање на тој театар, но многу пати се злоупотребени тие средства и некој ги украл тие средства, може така отворено да кажеме.

И нашата Влада продолжи да помага за да се постигне да заврши овој проект. И не може сега тие што не успеале многу пати до сега да го решат ова прашање и биле проблемот, сега да излегуваат пред медиумите и да се фалат дека тие го направиле проектот за театарот. И овој проект и завршувањето на овој проект е заслуга на Владата а не на одредени индивидуи, рече Зеќири.

Тој рече дека сите заслуги за позитивните промени во земјата се на Владата предводена од премиерот Заев, бидејќи ДУИ исто така беше на власт со Груевски и не можела да стори ништо.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести