Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со став дека на власт во Македонија е СДСМ и дека јавноста треба да се фокусира на погубните политики на Заев и Ахмети

Објавил: Мартин Попоски | 28 октомври, 2018 11:42

Иако не навреди, ние сепак го ислушавме Тодоров

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се огласи за сите настани од изминатите недели во врска со политичката партија која за претставува.

Според Мицкоски, ВМРО – ДПМНЕ поминува низ процес на прочистување и обединување, но тоа е партиска работа.

ВМРО – ДПМНЕ доживува катарза, отвора ново поглавје, нови лица, ангажираме врвни професионалци. Јавноста треба да престане да се занимава со ВМРО-ДПМНЕ.

Еве, мислам дека се е кажано. Никој не гледа што се случува со државата, со кризата, со падот на економијата. Тоа се многу побитни теми од ова што се случува во опозициската партија. -вели Христијан Мицкоски

За Никола Тодоров пак, вели дека на Централниот комитет било детално објаснето за неговото делување против партијата, но за тоа не сака да зборува во јавност.

Не би сакал поради политичка коректност да навлегувам подлабоко. Воедно не можам да дозволам ширење на невистини дека раководството вршело жестоки притисоци и закани врз поединци од партијата да не гласаат по свое убедување, и тоа да се претставува за дефинирана слика пред меѓународниот фактор, да се оди по пратеници и да се убедуваат да гласаат спротивно на партискиот став, и за истото да се убедуваат други лица од раководството на партијата или намерно да се влечат потези со кој ќе се нанесе штета на партијата.

ВМРО – ДПМНЕ е отворена и демократска партија и бидејќи побара од партијата, се овозможи сослушување на ставовите на Никола Тодоров и покрај тоа што тој прилично некоректно и со навредливи зборови се изрази за партијата кон која сега сакаше да се обрати. Во зависност на аргументите партиските органи донесоа одлука. – вели Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.