Тој е кадар на ДУИ, бизнисмен, потекнува од селото Гајре, а во моментов е професор на Тетовскиот универзитет.

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 август, 2019 20:29

Ибрахим Дехари од ДУИ нов министер за странски инвестиции!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Ибрахим Дехари ќе биде нов министер за странски инвестиции, дознава Алсат.

Ибрахим Дехари е кадар на ДУИ, бизнисмен, потекнува од селото Гајре, а во моментов е професор на Тетовскиот универзитет.

Ибрахим исто така е сопственик на ресторанот „Ара“ во Тетово. Дехари доаѓа на местото на разрешениот Зоран Шапуриќ. 

Во досегашната кариера Шапуриќ бил министер за животна средина и просторно планирање, пратеник во Собранието на Република Македонија, претседател на собраниска комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и член на други собраниски комисии, член на собраниска делагација во Собранието на Западно европска унија и Нато,…

Работел и во Уставниот суд на Македонија како виш стручен соработник, бил помошник генерален директор во МЗТ комерц и заменик на генералниот директор во ЈП „Паркови и зеленило Скопје“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.