Претседателот Иванов и при посетата на САД, пред годишното заседание на Генералното собрание на ОН, имаше обраќање и до македонската дијаспора на тема референдум

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 септември, 2018 8:02

Иванов: Гласав со “За”, во 1991 година, за самостојна, суверена и независна Македонија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Иванов кошмар за власта, која отворено стравува дека претседателот на државата ќе има јасна и гласна порака за претстојниот референдум за промена на името и идентитетот од седиштето на Обединетите нации.

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов кој се наоѓа во посета на Соединетите Американски Држави, каде на 27 септември треба да одржи говор пред Генералното Собрание на Обединетите Нации, рано утринава по Македонско време учествуваше на гала вечера организирана од македонската дијаспора во Детроит во организација на Обединетата Македонска Дијаспора со седиште во Вашингтон.

Претседателот Иванов пред присутните на гала вечерата одржа говор во кој истакна дека тој, веќе еднаш излегол на референум и тоа на 8-ми септември пред 27 години. Додаде дека тој тогаш гласал за самостојна, суверена и независна Република Македонија и е горд на таа одлука.

“Затоа, на 30 септември нема да излезам да гласам.” – рече претседателот Иванов, додавајќи дека два пати ја добил довербата од народот со цел да не дозволи промена на Уставот со цел промена на уставното име и да не прифати идеи и предлози кои го загрозуваат Македонскиот национален идентитет, и тоа нема намера и да го направи.

Претседателот Иванов се очекува референдумот за промена името и негирање на постоењето на македонската нација, како и Договорот од Преспа да ги има како фокусни точки и во своето обраќање до светските лидери на Генералното собрание на ОН.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести