Според тоа што ни беше укажано од СОЗР тие процедурата ја спроведуваат на идентичен начин и правила кои според нивните кажувања важеле за сите поранешни претседатели.

Објавил: admin@magazin | 17 септември, 2019 17:09

Иванов остро и одговори на Антикорупциска: “МАНИПУЛИРАТЕ закупот е 1.950, а не 4.500 евра”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бившиот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов реагираше на социјалните мрежи откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни простории.

Ѓорге Иванов вели дека претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, манипулира со јавноста бидејќи, просторот се изнајмува за 1.950 евра месечно, а не за 4.500 евра. Во соопштението се вели дека Ивановска треба да констатира дека поранешниот претседател Иванов има само еден стан, за кој што има подигнато кредит, а не повеќе станови, како што таа претходно манипулираше со јавноста. 

Соопштение до јавноста:

На денешната прес конференција, Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата изнесе невистини и свесно се обиде да манипулира со јавноста, како и во неколку претходни наврати.

Иванов со реакција: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Договорот кој го склучи Службата за општи и заеднички работи со наша согласност, а е наменет за користење на простории за канцеларија на поранешен претседател, следи врз основа на Законот за правата на Претседателот на Република Македонија и неговото семејство по престанување на функцијата донесен од Собранието на Република Македонија.
Според тоа што ни беше укажано од СОЗР тие процедурата ја спроведуваат на идентичен начин и правила кои според нивните кажувања важеле за сите поранешни претседатели.

Во прилог е договорот, во кој јасно се гледа дека висината на закупнината на целосно опремен простор изнесува 1.950 евра месечно, а не како што денес беше прикажано дека е 4.500 евра.
Очигледно е дека личниот анимозитет и политичките ставови на поранешниот Претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, се единствената причина за континуираниот обид за нанесување штета на угледот на поранешниот претседател Иванов.

 

Воедно, ја повикуваме Ивановска да се произнесе за имотната состојба на поранешниот Претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, и за таканаречените станови за кои што свесно претходно манипулираше со јавноста. Бидејќи манифестира „ефикасност и транспарентност“ доволно ѝ беа пет месеци за да ја утврди имотната состојба на поранешниот претседател Иванов и да ја изнесе вистината пред македонската јавност.

 

Ивановска треба да констатира дека поранешниот претседател Иванов има само еден стан, за кој што има подигнато кредит, а не повеќе станови, како што таа претходно манипулираше со јавноста.

За таа цел, поранешниот претседател Иванов ѝ ги достави сите сметки и уплати за единствениот стан, а воедно, се откажа и од тајноста на банкарските сметки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.