На средбата Иванов - Церар, од страна на претседателот биле потврдени НАТО и ЕУ интеграциите на земјата, но и потенцирано дека Преспанскиот договор е нешто сосема друго

Објавил: Мартин Попоски | 24 октомври, 2018 15:23

Иванов: Собранието не ја зеде предвид волјата на народот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска, оствари средба со заменик претседателот на владата и министер за надворешни работи на Република Словенија, Миро Церар, соопшти Кабинетот на претседателот.

На средбата двајцата соговорници разговарале за унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји за кои оцениле дека ги карактеризира доверба, пријателство и цврсто партнерство, како и за актуелните случувања и предизвици во регионот.

Во однос на политичките случувања во нашата земја, како што соопшти Кабинетот, македонскиот претседател истакнал дека иако на референдумот народот ја изразил својата суверена волја и недвосмислено не го прифатил договорот од Преспа, а Собранието тоа не го зело предвид, при што мнозинството пратеници постапиле спротивно на волјата на народот.

Во однос на македонските евро-атлантски интеграции, Иванов изразил надеж дека долгогодишната отворена и безрезервна поддршка од Република Словенија ќе продоложи и во иднина, со цел отварање на пристапните преговори со ЕУ и членство на Република Македонија во НАТО.

Соговорниците во рамките на средбата размениле мислења и за предизвиците од илегалната миграција констатирајќи ја потребата досегашната успешна соработка да продолжи и во иднина со цел поголема регионална стабилност и безбедност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.