Реис Ул Улема Шакир Фетаи од денеска е прв човек на ИВЗ, а го наследува Сулејман Реџепи кој речиси 30 години беше исламски верски поглавар во земјава.

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 мај, 2020 12:01

ИВЗ го доби новиот поглавар!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од денеска стапи на функција новиот поглавар на Исламската верска заедница во Македонија.

Реис Ул Улема Шакир Фетаи од денеска е прв човек на ИВЗ, а го наследува разрешениот Сулејман Реџепи кој 30 години беше исламски верски поглавар во земјава.

Новиот реис истакна дека Исламската верска заедница одиграла важна улога во образувањето на младата генерација, што е важно за обезбедувањето на мирот и стабилноста на ова поднебје. 

Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи после неколку дена се огласи во јавност со соопштение, во кое вели дека е подготвен да одговара пред Бога и пред законот, ако некој смета дека направил пропусти.

Со 2/3 мнозинство пред три дена беше донесена е одлука за разрешување на Реисот Сулејман Реџепи од функцијата.

Донесовме одлука за разрешување на господин Сулејман Ефенди Реџепи од позицијата Рејс Ул Улема претседател на Исламска верска заедница, изјави Ефенди Шаќир Фетаху.

Реисот Реџепи во неделата на празникот Рамазан Бајрам кажа дека коронавирусот е мртов.

И да знаете дека ковид-19 можам слободно да го прогласам дека е умрен од денеска. Господ е со нас и кога Господ е со нас, ние се чувствуваме најсилни на свет, изјави Реџепи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести