Јас не можам да бидам реален во смисла на тоа дека можеби евентуална отстапка на променат на името би била правилна, за понатамошниот развој за Република Македонија.

Објавил: admin@magazin | 7 октомври, 2018 12:15

Игор Кичеец адвокат: Нема компромис по било какво чепкање во името и идентитетот.

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Игор Кичеец е познат адвокат од Охрид кој живее и работи во Охрид, кој  ја милува македонската традиција и култура и е пред се голем Македонец кој знае во вистинското време да ги препознае црвените линии за својот јазик и идентитет и по никоја цена нема да прави компромис по истите. 


Кој е Игор Кичеец?

» Охриѓанец, Македонец, Адвокат, татко на две прекрасни ќерки, со традиција на „име„  кое опстојувало последните 500 години.

Знаете ли дали има значење името Кичеец?

Дел од денешната фамилија Кичеец кои претежно сите останале во Охрид регионот и во Македонија . На фотографијата се Томислав и Наум кичеец со фамилиите. Извор: Фејсбук Игор Кичеец

» Има повеќе легенди, една која е можеби прифатлива е дека далечното потекло на фамилијата е од кичевско, што не мора да е точно, но постои таква легенда, така уште во турското време постоеле тројца брака мислам во село Подвис кичевско, тие  направиле зулум (инцидент) и го убиле бегот . Така плашејќи се од репресалии сите се иселиле од Подвис а едниот од тие браќа наводно преку селото Црвена вода дошол во Охрид. Факт е дека во една од Охридските цркви е најдена икона од 14 век каде што на позадината пишува дека е дар од фамилијата КИЧЕЕЦ. Инаку информацијата ми ја обзнани познатата  професорката Мица Маркоска исто така од Охрид.

По што друго е позната фамилијата Кичеец?

» Историски фамилијата  КИЧЕЕЦ, е фамилија на касапи и кожари, и така долги години сите кичеевци биле кожари и касапи (месари). Порано луѓето доаѓале по бунда со крзно специјално во Охрид. Мојот дедо Голоб Кичеец е последниот касап во мојот огранок на фамилијата, по што татко ми Томислав Кичеец во педесеттите години ја прекинува таа традиција и почнува со правничка традиција со завршувањето на  правен факултет во Белград. Потоа се враќа во Охрид каде станува судија, за после да стане претседател на судот во Струга, при што е еден од најмладите судии во тогашната Југословенска федерација. Кратко потоа е избран за  претседател на окружен суд денешен Апелационен, каде ист така е еден од најмладите окружен судија во југословенското правосудство. По укинувањето на окружниот суд во 1957 г оди во Адвокатура од кога почнува семејната адвокатска традиција која мината година славеше 50 годишен Јубилеум.

Кои беа побудите вие исто да продолжите по фамилијарниот пат на правото?

Игор Кичеец со неговата прекрасна мајка Василикија Кичеец Чорбева

» И јас и мојот брат Сашо сме слушале правнички муабети бидејќи мајка ми Василикија родена Чорбева има исто правничка кариера и е еден од основачите на факултетот за туризам во Охрид каде што ги предаваше правните предмети, и како професор на тој Факултет се пензионира. Исто така правничките муабети освен во фамилијата се правеа и со пријателите од моите родители, меѓу кои познатиот охридски адвокат Гоџо Петар Гоџо кој има слична биографија со таа на татко ми.

 За мене и за брат Сашо ни беше многу природно и немаше дилема дека ќе го одбереме правото како животна определба. А крајно судбините, семејните определи на двете фамилии на мојата и на гоџовци се поклопија не само во кариерата на нашите родители туку и со моите сегашни партнери со кои сум 10 години. Драган и Александар Гоџо се исто така адвокати и партнери во нашата заедничка фирма.

Вие бевте и еден од првите кои имаа свој ноќен бар нешто повеќе за тоа?

Игор Кичеец беше многу активен и често виден со познатите ѕвезди од поранешна Југославија, На фотографијата Сашо Кичеец и Игор Кичеец со сопругата Билјана Кичеец во друштво со Оливер Драгојевиќ десно. Извор: Фејсбук Игор Кичеец

» Во крајот на осумдесеттите откако претходно собравме малце искуство со една дискотека во Градиште која ја држевме со моиве сегашни адвокатски партнери, во 1988 го отворив заедно со мојот брат, култниот кафе бар МецоФорте. Овој кафе бар пред 20 години беше креатор на забавниот културниот и на чаршискиот живот во Охрид. Таму продефилирале многу сега познати фаци во Македонија, лекари, адвокати, инжењери како и новинари, сегашни бизнисмени. Со гордост можам да кажам дека сопственикот на охридскиот бренд Кубалибре,  кој според мене е најдобар угостителски објект во Македонија, својот пат на  искуство го почна од Мецофорте. Сите познати фаци  (лица) во 80 те и 90 те на тогашна Југославија и пошироко беа чести гости во Мецофорте. Би сакал да кажам дека во тоа време исто така го лансиравме радиото УноФорте, каде што првите водителски почетоци го остварија многу познати личности од естрадава, како на пример сопствениците  на Антена 5 радио, исто така тогашната Тијана Тодеска па и сегашниот пратеник  Томислав Тунтев.

Колку ве засега вас проблемот со името?

» Во однос на тоа прашање јас не можам да бидам рационален и да размислувам со ладна глава, ако се има во предвид моето фамилијарно потекло и мојата борба за афирмација на Македонија и секако Охрид,  откога знам за себе. Тука немам компромис и било какво чепкање во името и идентитетот за мене е залак што не можам да го проголтам по ниедна цена. Тоа значи дека јас не можам да бидам реален во смисла на тоа дека можеби евентуална отстапка би била правилна за понатамошниот развој за Република Македонија. Мислам дека со тоа се кажав.

Вие сте и бранител во постапката од 27 Април

» Јас сум бранител на првообвинетиот пратеник Крсто Мукоски. По однос на целиот кривично правен настан, сметам дека таков

Игор Кичеец како бранител на Крсто Мујоски обвинет за настаните од 27.Април на пат во судот во Скопје. Извор Гугл

постои меѓутоа не можам да се сложам со квалификацијата на специјалното  јавно обвинителство која триесет и тројцата обвинети ги товари за Терористичко загрозување на Македонскиот уставен поредок. Сметам дека таквата квалификација генерално е пресилна и не одговара на реалните случувања на конкретниот датум. Посебно сметам дека во тие 33 има обвинети вклучително и мојот штитеник кои во никој случај не можат да бидат одговорни за вакво дело!

Дали мислите дека ќе издејствувате ослободителна пресуда или во најмала рака преименување на обвинението?

» Доколку сметав дека нема аргументи за тоа, немаше да се нафатам да бидам бранител на постапката.
Обвинението односно квалификацијата е составено од специјалното јавното обвинителство кое  е „газда„ на истото. Меѓутоа од доказите кои јас досега сум ги имал на увид, можам со сигурност да истакнам дека, посебно по мојот штитеник а секако и на другите обвинети, во постапката недостасува суштинскиот елемент на противправноста кое го чини законското битие на ова кривично дело. Тоа е намерата, да се сруши уставниот поредок за кое мислам дека за мојот штитеник апсолутно отсуствува.
Напротив за мене тоа не проаѓа,  пратеникот Мукоски кој непосредно пред немилата случка од говорница ја пееше македонската химна, да одговара за тероризам. И уште повеќе што понатамошните случување и насилствата кои се случија врз пратениците на СДСМ и коалицијата, во моментот на случувањето беа надвор од перцепцијата на мојот обвинет и повеќето обвинети , бидејќи кога демонстрантите од „Заедничка Македонија„ влегоа во собранието, пратениците кои сега се обвинети воопшто не знаеја ниту некој им кажал дека после изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, пратеничката група на СДС и коалицијата останала физички во зградата на Собранието односно во прес центарот каде што се случија насилствата. Напротив, тие сметаа дека по изборот на Талат Џафери кој го сметаа за нелегален, пратеничката група на СДСМ и останатите кои гласаа за изборот по излегувањето од пленарната сала на собранието го напуштиле и физички Собранието на РМ.

Моментално во Охрид е актуелен проблемот со концесиите на Охридските плажи!

Најсреќните мигови со своите ќерки Леона и Мартина Кичеец , Игор ги поминува токму во култниот македонски бренд КубаЛибре од каде што можете да ја уживате најдобрата глека кон градот Охрид. Извор: Фејсбук Игор Кичеец

» Да, со тој проблем сум запознаен уште пред да се појави, бидејќи моето адвокатско друштво е воедно правен застапник на здружението на закупци на плажите. И уште пред да се објави јавниот повик за реиздавање на истите, одржавме неколку состаноци со градските авторитети и  притоа ценејќи ја законската регулатива, баравме начин, закупците кои веќе имаат инвестирано сериозен капитал,  да имаат некаква условно речено предност пред останатите потенцијални инвеститори и тоа од две причини:
Првата секако да се заштитат нивните инвестиции, и втората која има многу големо значење,  Охрид како туристички центар да не биде  осиромашен во својата квалитетна туристичка понуда. Имено дали можете да си замислите каква би била угостителската понуда во Охрид ако се згаснат етаблираните брендови „Кубалибре„ „Подпеш„ „Кадмо„ и другите. Според мене тоа би била враќање  неколку години наназад, но за среќа постапката за која во еден дел постои сомневање за нејзино политизирање односно криминал,  не е правосилна завршена и  вложени се жалби пред второстепената комисија на Министерството за транспорт и врски и се надеваме дека претходните неправилности и неправди ќе бидат поправени на задоволство на Охриѓани и многубројните гости на овие плажи .

Што мислите генерално за функционирањето на правната држава?

Игор Кичеец со неговата прекрасна фамилија. Лево е неговата ќерка Мартина која студира медицина, десно неговата сопруга Билјана Кичеец која е познат доктор во Охрид и неговата ќерка Леона која продолжи по неговиот пат и студира право. Извор: Фејсбук Игор Кичеец

» Како правник по едукација и легалист по убедување сметам дека владеењето на правото е мајка на правната сигурност на граѓаните вклучително и на потенцијалните домашни и странски инвеститори. Сметам, дека 30 години од осамостојувањето до денес секоја власт, правниот поредок го силуваше до степен да го потчини на интересите на актуелните политички и бизнис елити, без да се води сметка за словото на законот. Секогаш ќе се најдеа правници и аналитичари на кои за добар хонорар или друг интерес не им беше туѓо да прават невозможни акробации и силување на законот во смисла истиот да го толкуваат во своја корист.
Јас тие ги нарекувам невозможни иновации во правото така што вулгарно се извртуваше значењето на законската норма, заради тоа правниот поредок го направија како канта за ѓубре, и не дадоа можност Македонија да ги исполни и останатите правните услови со кои дефакто би се доближила до западниот свет, Наместо тоа 27 години слушаме само пароли и празни зборови и со правото си играме „дрндупка„. Кога тоа ќе го поправиме имаме шанси за економски развој и реално приклучување кон развиениот свет, дури и без формалното  здружување со него.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...