Извршниот комитет го задолжи Јанушев до следната седница да предложи состав на Републичкиот изборен штаб.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 ноември, 2019 10:24

Игор Јанушев избран за шеф на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На вчерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ едногласно беше одлучено актуелниот генерален секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб на претстојните предвремени парламентарни избори.

Игор Јанушев е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 година. Јанушев дипломира на Правниот факултет во Скопје, во 2006 година. Во период од 2015 до 2017 година ја извршува функцијата директор на ЈСП – Скопје, пред тоа работи во Министерството за Транспорт и врски.

Извршниот комитет го задолжи Јанушев до следната седница да предложи состав на Републичкиот изборен штаб.

-На состанокот на ИК се анализираше и досегашниот тек на акцијата „Обнова на Македонија“ и проблемите со кои се соочуваат илјадници граѓани кои пристапија и побараа решение. Беше констатирано дека граѓаните не сакаат лаги и измами како ветувањата на Зоран Заев, туку инвентивна, реална, остварлива програма која што ќе го подобри нивниот стандард и ќе ги врати вистинските вредности во Македонија.
Околу актуелната политичко-економска состојба беа нотирани низа сомнителни однесувања на власта во заминување кои ќе треба да бидат истражени откако Зоран Заев ќе биде поразен и законите ќе важат подеднакво за сите, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека насилничкото однесување на власта, непочитувањето на законите и расипничкото трошење на народните пари се јасен показател дека СДСМ и Заев заминуваат. Секој обид да се узурпира волјата на граѓаните кои се цврсто определено да го казнат Заев, ќе повлече одговорност.

-ИК констатираше дека власта три години не направи ништо за аерозагадувањето, кое е повисоко од кога било. Скопје и други градови низ државата се на врвот на светските листи на најзагадени градови.
Дополнително стана збор и за сите лаги во изминатиов период. Нереализираните ветувања и манипулациите станаа секојдневие. Граѓаните се изморени од лагите и безнадежноста, затоа на 12 април следат промени. По 12 април почнува обновата на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести