Игор Југ во судница

Објавил: Узунов Бобан | 31 јануари, 2019 11:25

Игор Југ од судница: Не сум Македонец

Фото/Текст извор: ©магазин

Обвинетиот Игор Југ на денешното рочиште за 27 април ја прекина обвинителката Ивана Трајчева на почетокот на завршните зборови и во обид да го корегира обвинението против него и му рече на судот дека не е Македонец.

-По не знам кој пат кажувам дека не сум Македонец – рече Југ, кој е по потекло од Хрватска.

За српските медиуми Игор Југ е Хрват кој често знае да се слика усташката ХОС

На тоа судијата Кацарска му возврати да седне и да не го прекинува обвинителот, а дека ќе каже што има да каже по завршните зборови.

Обвинителката Трајчева го чита обвинението кое претходно во писмена верзија им беше поделено на обвинетите.

Во него е сменето само тоа што за дел од обвинетите е прецизирано дека постапката против нив е запрена бидејќи се амнестирани.


Со Законот за амнестија беа амнестирани 15 обвинети. Во предметот за упадот во Собранието продолжува да им се суди на 18 лица.


Игор Југ е обвинет за теророризам за случувањата од 27 април во македонскиот Парламент и не беше опфатен со Законот за амнестија кој беше донесен со цел како што кажа власта за помирување во општеството. 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.