За среќа по неколку часа тој објави дека се работи за шега, па фановите здивнаа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 октомври, 2019 13:02

Игор Џамбазов заврши во Бардовци

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот македонски актер и шоумен Игор Џамбазов на својот Инстаграм профил објави дека заврши во Бардовци. 

За среќа по неколку часа тој објави дека се работи за шега, па фановите здивнаа.

Инстаграм објава на Игор Џамбазов

Џамбазов најпрвин им посака „Добар ден“ на сите, за потоа да им каже: „Априлили“… среде октомври!

Дека деновиве ни се далеку од добри е оддамна јасно, а деновиве и старата проверена ку*ва Европа среде октомври ни направи: „Априлилили…“ за пристап, па можеби Џамбаз тоа сакал да го каже, тврдеа некои. Други пак велат, на топлото време мислеше човекот. Пролет во есен! Април во октомври!

Секако фановите на Џамбазов беа изненадени од ваквата објава но по се изгледа се работи за нова песна.

„Бардовци, на релакс“ – напишал Џамбазов покрај матната фотографија на која уморен и подзамижан, како нешто важно да сака да соопшти, да каже, ама…

Џамбазов престојуваше во елитната скопска населба во која е лоцирано студиото „Тра ла ла“ на  Мите Димовски, каде се снимаше новата песна на Игор, која е насловена „И племето и семето“,  па се надоврзува со приказната за „добрите“ денови од  почетокот на текстов. 

 

извор: vistina.com.mk

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.