Долго време сте без партнер, но не и без желба за секс. Нормално е да ја имате, и добро е што е така. Лошо е ако таа желба ја потиснувате.

Објавил: admin@magazin | 6 декември, 2018 1:13

Играњето со „интимниот„ дел од нашето тело, е многу здраво!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Женскиот пол често велат дека немаат желба за секс бидејќи се премногу уморни и не се задоволни со својот физички изглед и секогаш бараат начин како да го надополнат сето тоа. Мастурбацијата е еден од подобрите начини да му угодиме на своето тело.

Самозадоволувањето не е воопшто срамно, тоа е нешто што треба прво да знаете. Исто така, мастурбацијата не им е забранета ниту на луѓето кои имаат партнер. Освен што ни помага да ги препознаеме своите сексуални потреби, самозадоволувањето ни помага да ги решиме и сексуалните табуа.

„Проблемот може да настане ако мастурбацијата стане единствен извор на задоволување на возраст кога треба да се воспостави сексуален однос со друг партнер“ – објаснува Миња Ериќ, психоаналитички терапевт и сексолог.

 Љубовта кон себе е многу важен дел и на здравиот сексуален живот на постарите, а има и уште повеќе благодети.

Го подобрува расположението и многу опушта.

Мастурбацијата ни овозможува да се сконцентрираме на една работа, а тоа опушта. Како? Додека размислуваме на секс во било кој облик, мозокот лачи допамин, супстанца која овозможува чувство на задоволство, а во текот на сексот, се лачи ендорфин. Ендорфинот не’ опушта. Не потпирајте се премногу на мастурбацијата како бегство од стресот за да не развиете зависност. 

 

Ги ублажува менструалните грчеви

Тој период на месецот обично не се поврзува со добро расположение, но мастурбацијата може да помогне она најлошото да се поднесе. А за многу жени болките се тоа што е најлошо. Тука на сцена настапува оргазмот, поточно хормоните кои мозокот ги лачи за време на сексуалното возбудување, а докторите велат дека тоа може да ги намали менструалните грчеви.Имајте во предвид дека тоа не е исто за сите жени. Понекогаш контракциите на мускулите можат да ги засилат менструалните грчеви, затоа внимателно експериментирајте, слушајте го своето тело и правете го тоа што вам најмногу ви одговара.

 

Не’ учи

Ако никогаш не сте сфатиле зошто сите дигаат фама околу сексот, ова е идеално за почеток на разбирањето. Сексуалните терапевти ги советуваат жените кои никогаш не доживеале оргазам да почнат да мастурбираат. Тоа им овозможува на жените да го испробаат гениталното задоволство кое најмногу им одговара. Безбедна, контролирана ситуација ни дозволува да одредиме што најмногу ни одговара и она од што највеќе можеби сме се плашеле.

 

Помага да дојдете до оргазам

Ако ви е тешко да достигнете сексуално задоволство со партнерот, прво би требало сами да поработите на тоа. Редовната мастурбација ќе ви помогне сами да видите како вашето тело реагира за време на сексот. Потоа можете да ги споделите вашите сознанија со партнерот, што ќе му помогне да ви удоволи онака како што вам ви одговара. Меѓутоа, начинот на кој мастурбирате би можел тоа да го оневозможи. Ако премногу се потпирате на порнографија, тешко е тоа искуство да се пренесе на двајцата.

 

Го смалува ризикот од инфекции на грлото на матката

Мажите кои редовно мастурбираат имаат помал ризик од рак на простата, а жените имаат помал ризик за добивање на инфекции на грлото на матката. Течноста од грлото на матката се задржува во цервиксот, а за време на оргазмот, поради опуштеното грло, се спушта во вагината и овозможува влажност, а истовремено ги отстранува бактериите кои можат да предизвикаат инфекција. Многу жени со инфекции на уринарниот тракт, тврдат дека кога чувстуваат дека ќе се појави уринарна инфекција, имаат желба да мастурбираат.

 

Ја лечи несоницата

Ако го дочекате утрото будни бидејќи не можете да заспиете, можеби е време да го примените овој метод. Баш како останатите луѓе кои паѓаат во длабок сон после секс со партнерот, бидејќи крвниот притисок е смален и поголема е опуштеноста поради лачење на ендорфинот, така и мастурбацијата е корисна, како пилула за спиење. Многу луѓе секоја ноќ се успиваат на овој начин. На некому можеби повеќе му се допаѓа и од чаша топло млеко.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Секс

Колку повеќе сте возбудени, толку полесно ќе уживате во сексот. Затоа дајте си време и потполно посветете и се на предиграта додека не бидете доволно влажни и возбудени.

Уживање во сексот со голем полов орган !

Ако сакаме да бидеме искрени, секоја жена би била пресреќна со партнер чија машкост...

Станува збор за смирувачката „баласана поза“ идеална за оние кои сакаат да ја ослободат својата внатрешна сексуалност, без разлика дали практикуваат јога.

СЕКС-ПОЗА за силен оргазам на жените (ФОТО)

Во природата на човекот е да го подобри секој аспект во животот, па ни сексот не е исклучок....

Сакате да ја вжештите атмосферата зад затворени врати? Еве неколку сознанија кои ќе ви ги интензивираат возбудата и желбата за уште поголема интимност:

КАКО ДО ПОЖЕЖОК СЕКС: ДОЗНАЈТЕ ЈА ТАЈНАТА ЗА СТРАСНИ СЕКСУАЛНИ ОДНОСИ!

Сакате да ја вжештите атмосферата зад затворени врати? Еве неколку сознанија кои ќе...

Не е препорачливо да имате див секс, особено не кога жената ќе влезе во третото тримесечје од бременоста, но сепак, повеќето работи поврзани со сексот се изводливи.

Секс пози во текот на бременоста!

Замислете си дека не сте имале секс девет месеци. Но, зошто воопшто би помислувале на...