Претседателот на комисијата Панчо Минов за ТВ 24 вели дека комисија ќе има.

Објавил: Едмонд Бекири | 20 мај, 2022 18:05

ИДНАТА НЕДЕЛА КОМИСИЈА ЗА СКАНДАЛОЗНОТО ОДНЕСУВАЊЕ НА ЏАФЕРИ

Фото/Текст извор: ©tv24

Собранискиот спикер Талат Џафери најверојатно уште идната недела пред Комисијата за мандатно имунитетни и деловнички прашања ќе треба да го образложи своето скандалозно однесување кон собраниските служби, на кои по завршување на седницата им се дереше и ги навредуваше, а кое се емитуваше во живо на собранискиот канал.

Претседателот на комисијата Панчо Минов за ТВ 24 вели дека комисија ќе има.

Ќе бидат запазени сите процедури и комисијата ќе ја закажам најбрзо што може според роковите. Најверојатно уште идната недела”, вели за Минов за ТВ 24

Тој објаснува дека има правила по кои планира да се води во координација со собраниските  служби. Според неофицијалните инфирмации на ТВ 24 од собраниски извори, Минов, се сретнал со Џафери во Собранието, детали од состанокот нема. 

Од ВМРО ДПМНЕ за ТВ 24 велат дека се надеваат дека валста нема само проформа да ја закаже седницата, туку ќе дозволи и Џафери да одговара. Вчера пратеникот и члена на ИК на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски во 24 анализ аискажа сомнеж дека по неколкуте изјави на премиерот Ковачевски кој не го осуди однесувањето на Џафери, повикувајќи на абвтентичност ана снимката, СДСМ ќе игра токму на таа карта.

За разлика од Ковачевски, екс пратеникот и член на ИО на СДМС Андреј Петров го осуди однесувањето на Џафери, но порача дека на комисијата, мора да се чуе и страната на Џафери. Потпретседателот на Собранито пка Горан Мисовски, без да го осуда само го пофали Џафери

ВМРО-ДПМНЕ поднесе пријава за собранискиот претседател, усб со копија од снимката и список на сведоци пратеници кои биле во Собраниската сала кога се случил инцидентот. Од кабинетот на Џафери и денеска молк.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести