Надеж која и покрај заканите, притисоците, уцените, поткупот има да биде победника во оваа наша заедничка битка со народот.

Објавил: admin@magazin | 31 октомври, 2021 10:43

Идниот градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков го оствари правото на глас

Фото/Текст извор: ©магазин

Денеска сонцето кое силно блеска над Охрид е јасен знак за новата светла иднина исполнета со надеж.

Надеж која и покрај заканите, притисоците, уцените, поткупот има да биде победника во оваа наша заедничка битка со народот.

Си ги познавам охриѓани, убеден сум во нивната решителност за промени и цврсто и недвосмислено изјаснување на своето демократско право на гласање затоа што силата на нивната надеж е нескршлива, изјави идниот градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков!

За нашиот најубав град Охрид! За нашата најубава татковина Македонија!

Излезноста во вториот круг од Локалните избори кои се одржуваат во 44 општини во државата, меѓу кои и Охрид, е 5,18%, покажува аналитиката на Државната изборна комисија.

Во Општина Охрид таа е нешто на просекот во државата и изнесува 5,62%, односно утрово до 09 часот гласале 2.692 избирачи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.