Лицето А.М е лишено од слобода поради сомневање за извршено кривично дело “Поткуп при избори и гласање“

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 јули, 2020 16:11

Изборен поткуп во Велес: Пронајден список со 250 лица на кои им бил понуден поткуп!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерството за внатрешни работи, сиот негов кадровски и организационен потенцијал се максимално подготвени да се справат со сите предизвици, односно да овозможат, во доменот на своите законски надлежности и обврски, мирно и непречено одвивање на изборниот процес.

Лицето А.М. (35) е лишено од слобода поради сомневање за извршено кривично дело “Поткуп при избори и гласање“…

Во таа насока во текот на вчерашниот ден од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес извршен е претрес на дом кај лицето А.М. (35) при што се пронајдени и одземени еден мобилен телефон и повеќе листови од тетратки на кои рачно имало напишано список од околу 250 лица со лични податоци и матични броеви, соопшти министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

 По спроведениот претрес, а по насока на јавен обвинител од ОЈО Велес, лицето е лишено од слобода поради сомневање за извршено кривично дело “Поткуп при избори и гласање“ по чл. 162 од КЗ и со истото во просториите на СВР Велес и извршен разговор во врска со пронајдените предмети. Во разговорот од страна на конкретното лице било посочено дека списоците биле направени од негова страна по претходна насока од друго лице блиско до локалното раководство на владејачка партија во Велес и на истите имало име и презиме и матичен број од лица од ромска националност кои би гласале за политичката партија, а за возврат би добиле финансиски средства. Ваквата насока му била дадена пред околу една недела и за реализација на истата му била ветена материјална корист.

-Од страна на СВР Велес во координација со ОЈО Велес се преземаат дополнителни мерки и активности во насока на целосно расчистување и документирање на настанот, како и утврдување на евентуалната инволвираност на други лица, по што ќе следи соодветна кривична пријава.

 Aпелирам до граѓаните да пријават секаков вид на притисок или активности насочени кон нарушување на изборниот процес, а од страна на полициските службеници да бидат преземени сите потребни мерки и активности за целосно расчистување и санкционирање на сите изборни нерегуларности независно од политичката припадност на сторителите на ваквите кривични дела истакна министерот Наќе Чулев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Избори 2020

Груби вели дека нема да дозволат да се вратат назад, без разлика дали се во позиција или во опозиција, па затоа истакна дека не доаѓа во предвид ДУИ да коалицира со Левица.

Груби: Секојдневно контактираме со СДСМ, не доаѓа во предвид коалиција со Левица!

Во интервју за албански „Шчип“,  организацискиот секретар на ДУИ, открива дека...

ДУИ има многу добра положба за преговарање, се согласувам со ставот дека барањето за прв премиер Албанец, не беше ништо повеќе од преговарачки чин на Али Ахмети- рече Богоевски.

Богоевски: Заев може да собере 61 пратеник и без ДУИ!

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Павле Богоевски во вчерашното гостување...

Откако ДИК и Управниот суд ги отфрлија нивните приговори и жалби за изборни прекршувања во 5 и 6 изборна единица, главно за полнење на кутии, тие за понеделник најавуваат протестен марш во Скопје.

Таравари: Ако ДУИ дозволи да отвориме една гласачка кутија во Зајас, ќе им ги дадеме сите пратеници!

Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, во изјава за ТВ 21,...

Тој претходно истакна дека СДСМ, брзаше дури и во време на пандемија да има избори по секоја цена, а сега Заев замина на одмор велејќи дека има време за формирање Влада, и дека за тоа ќе се разговара после 2-ри август. 

Јакимовски: За да ги исполни сите барања на Заев ќе му остане само министерство за екологија

Во вчерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ поранешниот градоначалник на...