Нов датум не е определен, бидејжи станува збор за иклучително сериозна ситуација во која не може да се предвиди кога би се стишала опасноста од коронавирисот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 март, 2020 15:11

ИЗБОРИТЕ СЕ ОДЛОЖУВААТ: Постигнат е консензус за одлука за одложување на изборите

Фото/Текст извор: ©тв нова

На лидерската средба кај шефот на државата Стево Пендаровски, постигнат е консензус за одлука за одложување на изборите, пренесува ТВ Нова.

Експери од правната област уште денеска ке се состанат кај претседателот Пендаровски за да изнајдат решение како да се прекинат роковите за избори. На состанокот ќе присуствуваат и техничкиот премиер Оливер Спасовски и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Нов датум не е определен, бидејжи станува збор за иклучително сериозна ситуација во која не може да се предвиди кога би се стишала опасноста од коронавирисот.

Изборите ќе се одржат кога ќе има нормална состојба и минимум услови за изјаснување на граѓаните.
Здравјето на граѓаните нема цена, е оценката на сите политички лидери.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред претседателот на државата Стево Пендаровски кажал дека има потреба од воведување на ворнедна состојба, со цел, поефикасно справување со корона вирусот.

„На оваа средба го споделивме ставот дека нема услови за спроведување на изборите и сите наши капацитети ги ставаме во фунцкија на заштита на здравјето“, изјави по денешната лидерска средба во претседателската вила на Водно, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој предложил во земјата со оглед на најновите информации во врска со ширењето на вирусот да се прогласи вонредна состојба. За разлика од него, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека најпрвин треба да се прогласи 30 дневна кризна состојба на целата територија па потоа да се направи дополнителна проценка.

„Сега кога имаме заеднички непријател не е време за политички противници. Заштитата на граѓаните е тоа кон кое треба да се сите насочени. Сакам да најавам дека подготвуваме сет на економски мерки за помош на најпогодените. Сите мора да се однесуваме солидарно, маката да ја поделиме и да излеземе посилни. Имајќи ја предвид ситуацијата, воведувањето вонредна состојба е неопходно за да се донесат мерки за здравствената состојба на граѓаните и економските мерки за стопанството и граѓаните.

Јавно признание и почит на сите против борбата со овој вирус. Верувам дека можеме да успееме и да се избориме со овој предизвик. Затоа е важно сите граѓани да останат посветени на заштита од спроведување на мерките и препораките, да покажеме одговорност и да си ја заштитиме државата. Истовремено, му дадовме право на претседателот Пендаровски да свика експертска група и да ги најде правно-моралните модалитети за одложување на изборите и за нивно повторно распишување.

Верувам дека консензусот постигнат од сите е сериозна порака од сите. Верувам ќе се најдат правни формулации.

Верувам дека институциите ќе донесат одлука за прогласување вонредна состојба“, изјави Заев по средбата, додавајќи дека согласни за прогласување вонредна состојба се и техничкиот премиер Оливер Спасовски, но и шефот на државата Пендаровски, кој според Уставот треба да ја прогласи доколку Собранието не е во можност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика