Во ДИК се акредитирани и 289 преведувачи.

Објавил: admin@magazin | 21 април, 2019 7:59

Изборите ќе ги следат 3.150 домашни и 419 странски набљудувачи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателските избори во земјава ќе ги следат 3.150 домашни и 419 странски набљудувачи, како и 20 странски новинари, акредитирани од ДИК.

Во ДИК се акредитирани и 289 преведувачи.

Од домашните најголем број набљудувачи има МОСТ – 1.940, потоа Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција МАК-СОНЦЕ Скопје 583 и Здружението на граѓани за развој и промоција на туризмот, одржлив развој и човекови права АКСИОС 2017 Скопје 329 набљудувачи.

Од странските, најголем број набљудувачи има Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР 240, потоа Светски македонски конгрес Скопје 59, Амбасадата на САД  42, Делегацијата на ЕУ 16…

Набљудувачи имаат акредитирано и повеќе амбасади на странски земји, како амбасадите на Руската Федерација, Франција, Велика Британија, Шведска, Унгарија, Италија, Албанија, Словачка во Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.