12 политички партии денеска учествуваа на изборите во Турција на кои денеска граѓаните ги избраа локалните власти.

Објавил: admin@magazin | 31 март, 2019 20:51

ИЗБОРИ ВО ТУРЦИЈА: Партијата на Ердоган во водство, освои 48 отсто од гласовите !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Турскиот јавен сервис ТРТ, вечерва извести дека партијата на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган води на локалните избори со 48 отсто, од гласовите по пребројувањето на 28 отсто од гласачките ливчиња.

Најголемата опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) освои 31 отсто од гласовите, врз основа на околу 28 отсто од гласачкиот материјал од над 194.000 избирачки места.

12 политички партии денеска учествуваа на изборите во Турција на кои денеска граѓаните ги избраа локалните власти.

На изборите право на глас имаат 57 милиони граѓани и мандатот од избраниот кандидат ќе биде 5 години. Турција има вкупно 81 провинција, меѓу кои и 30 метрополи.

Во 2009 година, Ердоган станал популарен помеѓу арапскиот свет, обвинувајќи го израелскиот претседател Шимон Перес дека израелската офанзива е злосторство против човештвото поради убивањето на палестинските деца и цивили. По ова, тој во Турција бил пречекан како национален херој.

Во текот на 1967 година, Ердоган живеел во Истанбул. Завршил на факултетот на факултетот за менаџмент во 1981 година. На осумнаесет години стапил за прв пат во политичките води. Во текот на 1969-1982 година бил полупрофесионален фудбалер.

Во текот на 2010 година, тој ја посетил Атина, што претставувало историски настан за односите помегу двете земји.

За градоначалник на Истанбул бил избран на локалните избори од 27 март 1994 година. Подоцна, тој бил одуден на казна затвор поради потикнување на верска омраза. По ова, тој ја основал Партијата за правда и развој. Партијата, по само една година од своето основање, во 2002 година забележала победа на парламентарните избори.

Во почетокот, Ердоган не бил премиер, туку на таа функција стапил на 14 март 2003 година.
Како премиер, Ердоган спровел бројни реформи.

По 45 години, преговорите за пристапување на Турција во ЕУ биле отворени за време на неговиот мандат. Паралелно со ова, инфлацијата, која со децении имала негативно влијание врз економијата на земјата, била донесена под контрола и на турската лира и биле отстранети шест нули. Каматните стапки на јавниот долг биле намалени, а доходот по жител на Турција значително пораснал. Неговата партија победила на изборите од 2007 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.