Најголеми шанси за претседател на Европската комисија има Маргета Фестагер, член на Либералите од Данска

Објавил: Данаил Михајловски | 27 мај, 2019 10:11

Избори за ЕУ Парламент: Макрон ќе одлучи кој ќе биде претседател на Европската Комисија

Фото/Текст извор: ©магазин

Изборите за Европскиот парламент завршија со значителен пад на бројката на парламентарци на Европската народна партија (ЕНП), како и на групата на Европските социјалдемократи (СД). Раст на бројот на пратеници имаат Либералите и Зелените, но и фракциите на евро-скептиците и популистичките партии, кои победија во Италија, Франција, Полска и Велика Британија. Сега ќе започне сложената игра за создавање на стабилно мнозинство кое ќе ја избере новата Европска комисија. ЕНП има 179 пратеници, а СД има 150, што значи дека заедно го немаат потребното мнозинство во европскиот парламент кој вкупно брои 751 пратенички места. Кој ќе биде третиот партнер, дали Зелените или Либералите?

Кандидат на Европските народни партии за претседател на европската комисија е Манфред Вебер, член на германската партија ЦСУ. Германија ја посакува оваа позиција бидејќи последниот германец што претседавал со ЕК го имале дури пред 50 години. Во трка за оваа позиција е и социјал-демократот Франс Тимерманс, кој досега беше потпретседател на Европската Комисија, а претходно бил и министер за надворешни работи на Холандија. Но, кога двајца се караат, третиот може да искористи. Во случајов со европските избори таква прилика имаат Европските Либерали (АЛДЕ) кои освоија 105 пратенички места и се позиционирани во политичкиот центар. Во оваа група спаѓа и партијата на францускиот претседател Макрон, која иако за мала разлика ги изгуби изборите во споредба со партијата на Ле Пен, сепак неговите 21 пратеник може да бидат адут за либералите да го добијат претседателот на ЕК. Кандидат за оваа позиција е Маргета Фестагер, досегашен комесар за конкурентност, инаку член на Либералите од Данска. Тоа што е жена и што доаѓа од помала земја може да и беде само предност. 

Најголеми шанси за претседателското место во Европската Комисија во моментов има Маргета Фестагер, дански политичар од Либералната партија, која во досега беше европски комесар за конкурентност во Брисел.

За да не бидат разочарани германските пратеници од партиите ЦДУ и СПД, се очекува Макрон на пријателите во Берлин да им понуди договор според кој новиот директор на Европската централна Банка би бил од Германија, а носителот на листата и номиналниот победник Манфред Вебер би добил некоја важна позиција во Европската Комисија. Како и да е, ваквите комбинации не значат дека Брисел ќе може да ги занемари победничките позиции на партиите кои промовираат повеќе суверенитет, популизам и евро-скептицизам, а кои имаа победнички резултати во Италија (партијата на Салвини), Полска, Велика Британија и Франција (партијата на Ле Пен). Тие можеби нема да добијат директни позиции во европската комисија, но со својата бројност и гласност во парламентот се очекува значително да влијаат на политиките на Брисел, особено за мигрантите и проширувањето на Унијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...