СДСМ се залага за една изборна единица, но е тивка. ДУИ сака да останат шесте изборни единци, додека БЕСА инсистира на три изборни единици.

Објавил: Данаил Михајловски | 20 септември, 2019 7:14

Изборниот модел тешко да се смени, секоја партија си има различен став

Фото/Текст извор: ©магазин

Во својата изборна програма СДСМ запиша дека се залага за изборен модел каде цела Македонија ќе биде една изборна единица, но засега сеуште не превзема посериозна иницијатива тоа да го предложи. Како своја претходница за ваквиот изборен модел СДСМ пушти во јавноста неколку свои помали коалициони партнери (ДОМ, ЛДП и Амди Бајрам), а нив им се прилкучија и Мирослав Јовановиќ од коалиционата Српска странка во Македонија, како и Самка Ибраимовски од коалициона партија ПЦЕР. Овие пратеници кои се дел од владеачката коалиција тврдат дека сегашниот пропорционален изборен модел со 6 изборни единици е неповолен за малите партии и дека нивните партии не можат да дојдат до израз. Сепак, за волја на вистината, дел од овие пратеници, како на пример Амди Бајрам од Сојузот на Ромите и Лилјана Поповска од ДОМ, и самите заборавиле колку долго се пратеници во Собранието на Македонија. Затоа се поставува прашањето дали Лилјана Поповска, Амди Бајрам и Мирослав Јовановиќ навистина имаат искрени намери за подобар изборен модел или оваа нивна иницијатива е само потег кој се изведува во координација со владеачката СДСМ?!

Истовремено, дека усогласувањето на заеднички став за поинаков изборен модел ќе оди тешко, говори и разногласието кое е застапено кај другите политички партии. На пример, опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, иако официјално сеуште не се изјаснила по најновите идеи на помалите владини партии, сепак пред некој ден пратеникот Антонијо Милошоски изнесе лично мислење дека доколку целта е да се избере пратеник со посилен личен интегритет, кој ќе биде примарно одговорен кон своите избирачи, тогаш мнозинскиот изборен модел е концепт што е соодветен. Македонија имаше мнозински изборен модел од 1991 до 2002 година. 

Од друга страна, партиите на Албанците во Македонија имаат различни видувања. Владеачката партија ДУИ, според ставот на Тахир Хани изнесен за ТВ Алсат, е дека ДУИ поддржува избори со отворени листи, но со шест изборни единици, како што е сега. “Мислам дека пропорционалниот систем со отворени листи и шест изборни единици нуди можност да имаме парламент со поквалитетни пратеници. Иницијативата за една изборна единица од страна на малите политички партии, во минатото докажа дека малите партии изнесуваат идеи во име на поголемите македонски партии“, изјави Тахир Хани од ДУИ.

Партијата БЕСА се залага за изборен модел со три изборни единици, бидејќи смета дека сегашниот со шест изборни единици е на штета на гласот на Албанците.

Од Алијансата за Албанците предлагаат систем со осум изборни единици, бидејќи како што велат, така на важност би добил гласот на секој граѓанин. Според Алијансата, моделот со една изборна единица е неприфатлив затоа што со него Албанците би изгубиле дел од гласачката тежина. “На пример, кој ми гарантира дека ќе биде заштитен гласот на места каде што комисиите ќе бидат само од ВМРО ДПМНЕ или СДСМ. Мене никој не ми дава гаранција дека таму нема да се полнат кутиите за да се постигне цензусот до тој степен, до кој албанскиот глас да не може да се преточи во мандати“, изјавува Ремзи Мемеди, претставник на Алијанса за Албанците. Движењето БЕСА предлага систем со три изборни единици бидејќи сегашниот изборен модел го сметаат за несоодветен. Според оваа партија, има општини со бројно албанско население кои се поделени во две изборни единици, како Чаир, Кичево и Дебар. “Впечаток кај гласачите Албанци е дека шестата изборна единица е показател дека Албанците се оштетени со овој изборен модел, бидејќи секој изборен циклус автоматски се одделува половина од градот Дебар и во вакви околности ние постојано правиме концесија на штета на албанскиот глас“, изјави Арианит Хоџа – Движење БЕСА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...