Трамп постојано изјавува, без никакви докази, дека гласањето по пошта е подложно на измама, иако експертите за избори велат дека тоа е реткост на изборите во САД.

Објавил: Перо Милчин | 6 ноември, 2020 21:13

ИЗБОРНИОТ ШТАБ НА БАЈДЕН: Трамп не мора да прифаќа пораз, властите ќе го избркаат од Белата куќа!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Портпаролот на кампањата на демократскиот кандидат eо Бајден одговори на извештаите дека Доналд Трамп нема намера да го прифати поразот, велејќи дека властите имаат право да отстранат „секој натрапник од Белата куќа“.

„Никогаш нема да се откажам од борбата за нашата нација, ќе ги искористиме сите правни аспекти за луѓето да имаат доверба во својата влада“, изјавил претседателот на САД, Доналд Трамп во обраќањето пред американскиот народ.

Изборниот тим на Доналд Трамп го објави неговото обраќање до американскиот народ на Твитер.

Од почетокот рековме дека мора да се избројат сите легални гласачки ливчиња, но не и незаконските. Сепак, на секој чекор наидовме на отпор кон овој основен принцип од Демократската партија. Ние ќе го продолжиме овој процес низ сите правни аспекти за да осигуриме дека американскиот народ има доверба во својата влада.

Приврзаниците на претседателот Доналд Трамп протестираа вчера вечер против резултатите за кои сметаат дека се наместени и украдени и се судрија со контра-демонстрантите додека продолжува пребројувањето во клучните држави.

Во Аризона, една од клучните држави каде има тесна трка меѓу Трамп и демократскиот предизвикувач Џо Бајден, приврзаниците на Трамп се собраа пред изборната комисија на округот Марикопа во Феникс.

Трамп постојано изјавува, без никакви докази, дека гласањето по пошта е подложно на измама, иако експертите за избори велат дека тоа е реткост на изборите во САД.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.