Не се исклучува можноста гласањето за овие точки да биде и до крајот на неделата, а потоа следува и пакетот на економски закони на владата за кои опозицијата бараше да бидат стабени и поместени погоре на дневен ред на оваа собраниска седница.

Објавил: admin@magazin | 25 октомври, 2022 17:25

Избор на Пенов за министер за локална самоуправа

Фото/Текст извор: ©24.мк/магазин.мк

Ковачевски и официјално го предложи пред народните избраници Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа, објави 24.мк!

Во експозето пред пратениците денеска ги наведе аргументите зошто поранешниот двократен скопски градоначалник е изборот за прв човек во локална самоуправа откако оставка од оваа функцијата даде неговиот претходник и  сопартиец Горан Милевски.

Расправата во собранието продолжи со аргументи за и против Пенов отако најголемата опозициска партија  обвини дека Ковачевски се обидува да ја држи во живот оваа влада со како што велат  инакции со истечен рок на што пак власта возврати дека пратениците од ВМРО- ДПМНЕ користат недоличен вокабулар. 

Расправата ќе продолжи и во текот на наредните денови додека не биде исцрпена со оглед на тоа дека голем е бројот на пријавени за збор, а на истата собраниска седница чека и гласањето за избор на уставните судии Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева откако претходната недела заврши расправата и за двајцата кандидати.

Не се исклучува можноста гласањето за овие точки да биде и до крајот на неделата, а потоа следува и пакетот на економски закони на владата за кои опозицијата бараше да бидат стабени и поместени погоре на дневен ред на оваа собраниска седница.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика