Потпретседател во старо новиот состав е Димитрие Шеху од ДУИ која и досега ја вршеше оваа функција.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 јануари, 2021 8:02

Избран новиот состав на Државната изборна комисија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

И официјално со 95 гласа За собранието го избра и именува старо новиот состав на ДИК. Александар Даштевски е новиот претседател на Комисијата кој има минат труд како поранешен член и пред парламентарните избори во 2006 година, тогаш како кадар на ВМРО-НП, објави 24 тв!

Потпретседател во старо новиот состав е Димитрие Шеху од ДУИ која и досега ја вршеше оваа функција.

Покрај неа во комисијата од веќе познатите имиња се и Борис Кондарко и Радица Ристеска поддржани од социјал- демократите кои пак овој пат се „откажаа“ од Витановски, во корист на Оливер Ристовски поранешен министер за правда.

Покрај претседателот на комисијата ВМРО-ДПМНЕ добиваат уште еден член односно Бобан Стојановски, а АА и Алтернатива ги претставува Кренер Лога правник од Струга!

Тој доаѓа на местото на досегашниот член од Беса, која го изгуби местото во ДИК, затоа што стана владејачка партија.

Изборот на членовите на Комисијата за спровдување на изборите помина без поголема расправа во законодавниот дом но и забелешки од албанскиот опозициски блок дека ќе треба да се размислува за нов модел кој ќе го одразува соодносот на партиите и нивните претставници во комисијата .

Она што ќе биде главен предизвик со кој ќе треба да се справи новиот состав на ДИК се престојните локални избори годинава кои треба да се оддржат во октомври.

Мандатот на се уште актуелниот состав на ДИК со кој претседава Оливер Деркоски истекува на 15 јануари, а Деркоски нема да биде дел од новиот состав на комисијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.