Обединета македонска дијаспора (ОМД) објави видео на кое може да се види и чуе една од најпознатите македонски песни „Македонско девојче“ во Солун.

Објавил: Весна Петровска | 7 август, 2019 18:49

ИЗВЕДБАТА ЌЕ ВЕ НАЕЖИ: „Македонско девојче“ се слуша и во Солун (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Македонската песна се слуша и до Солун, доказ за тоа е видеото кое го објави ОМД.

Обединета македонска дијаспора (ОМД) објави видео на кое може да се види и чуе една од најпознатите македонски песни „Македонско девојче“ во Солун.

Станува збор за инструментална изведба со кларинет на евергринот на Јонче Христовски од 1964 година на шеталиштето покрај егејското море.

 

Македонско девојче,
китка шарена,
во градина набрана
дар подарена,

Дали има н’ овој бели свет
поубаво девојче од Македонче?
Нема, нема не ќе се роди
поубаво девојче од Македонче.

Нема ѕвезди полични
од твојте очи,
да се ноќе на небо,
ден ќе раздени.

Дали има н’ овој бели свет
поубаво девојче од Македонче?
Нема, нема не ќе се роди
поубаво девојче од Македонче.

Кога коси расплети
како коприна
лична е, и полична,
од самовила.

Дали има н’ овој бели свет
поубаво девојче од Македонче?
Нема, нема не ќе се роди
поубаво девојче од Македонче.

Кога песна запее
славеј натпее,
кога оро заигра
срце разигра.

Дали има н’ овој бели свет
поубаво девојче од Македонче?
Нема, нема не ќе се роди
поубаво девојче од Македонче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.