Регистрирани сe 2.397 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 3,0% во однос на минатата недела.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 јануари, 2021 13:05

ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ ОД 11 ДО 17 ЈАНУАРИ, 2021Г: НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА НОВИ ПОЗИТИВНИ СЛУЧАИ И ПРОЦЕНТОТ НА ПОЗИТИВНИ ОД ТЕСТИРАНИ, ЗГОЛЕМЕН БРОЈ ОЗДРАВЕНИ ЛИЦА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 11 до 10 јануари 2021 биле тестирани вкупно 14.111 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 8,4% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 2.397 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 3,0% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.089; 45,4%), со неделна инциденца – 176,3/100.000. Највисока неделна инциденца од 238,5/100.000 е регистрирана во Ресен.

Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување се движи од 11 до 19%, просечно 16%, што претставува намалување од 3% во споредба со минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=631, 26,3%). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40 до 49 (n=446; 18,6%), од 30 до 39 (n=422; 17,6%), од 50 до 59  (n=403; 16,8%) и од 20 до 29 (n=352; 14,7%). Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 (n=31; 1,3%) и од 10 до 19 години (n=112; 4,7%).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.785 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 29,7% повеќе во споредба со минатата недела.

Во периодот на известување, пријавени се 79 смртни случаи од 23 града, со зголемување од 6,8% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 62 лицa биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50 до 59 години, 3 лица на возраст од 40 до 49 години и едно лице од 30 до 39 години.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 11 до 17 јануари 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...