Се работи на документирање на случајот, по што против А.Д. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Објавил: Перо Милчин | 9 декември, 2020 16:01

Извршен претрес во Пробиштип, пронајдени дрога и оружје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На 08.12.2020 полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода А.Д.(20) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 08.12.2020 од страна на полициски службеници од ОВР Пробиштип, во координација со полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во СВР Штип, а по добиена судска наредба, извршиле претрес во дом и други простории на две локации во Пробиштип во кој престојува А.Д.(20) од Пробиштип, при што пронајдени и одземени биле: марихуана, амфетамин, 5 малокалибарски куршуми, 5 празни рамки за автоматска пушка, тромблонски додаток за автоматска пушка, воздушна пушка марка „кандар“ калибар 5,5 мм и 200 дијаболи за воздушна пушка.
 
Се работи на документирање на случајот, по што против А.Д. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.