Извршителите влегоа во Бетон Штип, уште една од компаниите на "Империјалистите" на СЈО, од каде пак изјавуваат дека немаат никаква поврзаност со конкретниот случај

Објавил: Мартин Попоски | 29 ноември, 2018 7:19

Извршителите влегоа и во “Бетон” Штип

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Извршители влегоа во Бетон Штип, една од компаниите опфатена во предметот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство.

Извршувањето е по налог на една голема домашна банка засега за долг од околу 1 милион евра.

Се уште не се знае во која насока ќе оди извршувањето, и дали е можно банките да го конфискуваат и имотот на компанијата. Директорот на Бетон Штип Ванче Мијалчев, кој не е во земјава потврди дека е можно да е почната постапката за извршување за сума од 1 милион евра, но не знае што ќе се случува понатаму

Изложеноста на компанијата кон две домашни банки, кон Комерцијална е на 5 милиони евра и НЛБ на 1.5 милион евра или вкупно околу 6.5 милиони евра. Тешкотии во работењето имавме изминатите две години. До сега редовно ги сервисиравме обврските, а финансиката кондиција ќе зависи од тоа дали ќе си ги наплатиме парите од проектите на кои работевме. – изјави Ванче Мијалчев, извршен директор на Бетон Штип.

Според официјалните податоци од Централниот регистар вкупните обврски кон доверители на Бетон Штип во завршната сметка за лани изнесуваат 14.5 милиони евра.

Оценката за Бетон Штип од македонски бонитетни компании е Ф што значи високоризична за понатамошно кредитно изложување и можност за наплата.

Бетон Штип работеше на 7 објекти од Скопје 2014 и тоа на зградите на Финки, Мепсо, Уставен суд, Факултетот за физичка култура, Музејот на ВМРО, Стариот театар и партерното уредување кај МНР во вкупна вредност од 55 милиони евра.

Од СЈО велат дека ниту сметките ни имотот на Бетон Штип не се замрзнати од СЈО за случајот „Империја“. Овој предмет на СЈО во кој се обвинети 13 лица, како и притворите што следуваа за петмина обвинети на чело со Орце Камчев вклучија црвен аларм во банките и кај другите доверители.

Минатата недела НЛБ банка го заплени уделот на ЗИК Пелагонија во Здравје Радово, заради присилна наплата на долг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести