По трагичниот настан во Тетово прогласена е тридневна жалост низ целата земја. Државното знаме е поставено на половина копје.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 септември, 2021 16:38

Изгоре жива во болницата во Тетово спасувајќи ја мајка си!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По трагичниот настан во Тетово прогласена е тридневна жалост низ целата земја. Државното знаме е поставено на половина копје.

12 од повредените лица од ковид центарот кои се надвор од животна опасност се сместени во тетовската болница..

Во пожарот со полесни повреди се здобија и неколку здравствени лица.

До раните утрински часови, обвинителите сослушуваа вработени во модуларната болница со цел да се утврдат причините за пожарот.

Меѓу починатите е и една девојка, која изгорела жива спасувајќи ја својата мајка.

Изгоре жива спасувајќи ја мајка си! Да вриштиш од болка од гнев! ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА, напиша на својот Фејсбук профил Љуљета Адеми првата жена со инвалидитет која го искачи Триглав.

Адеми сподели фотографија од настраданата девојка:

За денови на жалост се прогласени денес, утре и задутре (четврток, петок и сабота), а за време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија ќе биде истакнато на половина копје.

Владата апелира до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции предвидени за овие три дена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam