Собраниската зграда за чие разубавување претходната власт, според некои медиуми, потроши 20 милиони евра во рамки на проектот Скопје 2014, сега троши уште народни пари.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 септември, 2019 11:35

Издвоени 50 илјади евра за разубавување на собраниската зграда

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Собранието планира да потроши 2,9 милиони денари или безмалку 50.000 евра за да набави заштитни фолии за куполите, за други ситни поправки и за куќички за обезбедување, објави Фактор.

Собраниската зграда за чие разубавување претходната власт, според некои медиуми, потроши 20 милиони евра во рамки на проектот Скопје 2014, сега троши уште народни пари.

Инаку, реновираното Собрание беше промовирано пред три години.Тогаш беа пуштени во употреба новата Голема купола, Конгресната сала под неа, новата зграда во дворот на објектот. Собранието доби нови над 4.000 квадрати со што има вкупно 18 илјади метри квадратни површина за користење.

Собранието објави оглас кој, без ДДВ треба да вреди 2,9 милиони денари, а со кој бара заштитни фолии за куполите. Не се соопштува колку пари од вкупната сума се за нив, а колку за куќите за обезбедување. На огласот се бара градежно занаетчиска компанија, а клучен критериум за изборот ќе биде најниската цена.

Собранието на Република Македонија е претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт на Републиката. Собранието е еднодомно и го сочинуваат од 120 до 140 пратеници кои се избираат на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање. Мандатот на пратениците трае четири години и тие не можат да бидат отповикани.

Организацијата и функционирањето на Собранието се уредуваат со Уставот на Република Македонија и Деловникот на Собранието.

Собранието за вршење на работите од својата надлежност донесува и одлуки, декларации, резолуции, препораки и заклучоци.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.