Изетбеговиќ вели дека осум години се обидувал да ги наметнува зад затворени врати прашањата што БиХ требаше да ги реши со соседите, но дека наиде на блокада.

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 јануари, 2021 22:00

ИЗЕТБЕГОВИЌ БАРА МИЛИЈАРДИ ОД СРБИЈА И ХРВАТСКА: Но, тоа не е најлошо, еве како ги спореди соседите со нацистите!

Фото/Текст извор: ©kurir.rs/магазин.мк

Претседателот на Партијата за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, изјави денеска дека е исклучително важно Босна и Херцеговина да има добри односи со Хрватска и Србија, но исто така тврди дека тие две земји и должат на БиХ милијарди марки како и извинување.

Изетбеговиќ вели дека осум години се обидувал да ги наметнува зад затворени врати прашањата што БиХ требаше да ги реши со соседите, но дека наиде на блокада. 

Требаше да излеземе во јавноста со овие проблеми. Нашите соседи ни должат милијарди КМ, поради узурпација на земјиште, имот, долгови кон компании и слично, изјави Изетбеговиќ за Klix.ba.

Според него, Србија и Хрватска треба да и се извинат на БиХ за она што го сторија во 90-тите години на минатиот век.

Наместо да ни се извинат како Вили Брант, тие две земји сè уште се патерналистички кон БиХ, смета Изетбеговиќ.

Бакир Изетбеговиќ, лидерот на Партијата за демократска акција (СДА), која важи за најголема бошњачка партија во Босна и Херцеговина, неодамна истакна дека Русија радикално е вклучена во внатрешните работи на Босна и Херцеговина.

Во рамките на посетата на градот Мостар во пресрет на локалните избори во недела, Изетбеговиќ се осврна на контактите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Босна и Херцеговина кои предизвикаа контроверзност и дискусии.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...