Излезноста на гласачите до 15 часот е 34, 22 отсто. Останува истиот тренд.

Објавил: admin@magazin | 31 октомври, 2021 16:06

ИЗЛЕЗНОСТА ВО ВТОРИОТ КРУГ ОД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ДО 15 ЧАСОТ Е 34,22 ОТСТО

Фото/Текст извор: ©магазин

Во цела држава се гласа мирно, со користење на уредите за отпечаток од прст и без никакви проблеми, изјави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски.

Излезноста на гласачите до 15 часот е 34, 22 отсто. Останува истиот тренд.

Најголема излезност има во Вевчани 66, 54 отсто, по што следат во Ранковце 60,15 отсто, Демир Капија 58, 18 отсто, Конче 58,1 отсто, Демир Хисар 55,3 отсто, Пехчево 52,93 отсто, Дебар 51,48 отсто и Лозово 51,1 отсто. До 15 часот најмала е излезноста во Сарај 16,38 отсто.

Апелираме од ДИК до полициските службеници да им овозможат на новинарите непречено да си ја извршуваат својата работа“, рече на почетокот од третата прес-конференција во 13.30 часот претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски откако и до Комисијата било пријавено дека акредитирана новинарска екипа на Сител била попречувана во својата работа пред еден од објектите каде се гласа.

Даштевски рече дека денешниот ден е мирен и регуларен од аспект на изборите и дека се надминати проблемите со биометриските уреди. Тој упати апел изборите да минат до крај демократски и регуларно.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.