Како што изјави претседателот на Државната изборна комисија, гласањето започна во седум часот и сите избирачки места се отворени!

Објавил: Перо Милчин | 17 октомври, 2021 10:22

Излезност од 3,30 проценти, технички проблеми во повеќе места

Фото/Текст извор: ©фокус

Излезноста на гласачките места до 9 часот е 3,30 проценти, врз основа на обработените податоци.

Како што изјави претседателот на Државната изборна комисија, гласањето започна во седум часот и сите избирачки места се отворени!

Процесот на гласање е во тек, додаде тој, посочувајќи дека техничките проблеми во одредени избирачки места се надминуваат.

Во некои избирачки места поради лоши отпечатоци не можат да се препознаат, но гласањето тече со оставање на отпечаток на хартиениот избирачки список во кој се запишани гласачите и се овозможува да гласаат понатаму – вели Даштевски.

Инаку, ДИК е испратил меил до сите општински изборни комисии кој го прочита првиот човек на Комисијата:

Стариот начин на гласање со употреба на спреј и УВ лампа се применува само во случај кога уредот за биометриска идентификација на гласачот е неупотреблив или нема можност за негова замена“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести