Собранието ќе ги гласа измените зависно од исходот од лидерската средба

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 јули, 2018 12:39

Измените во Изборниот законик ќе чекаат политичка одлука

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Талат Џафери сепак ќе почека да заврши лидерската средба па ќе знае дали ќе дозволи или не да се гласаат предлог измените во Законот за Изборен законик

Законодавниот дом стигна до точка 12 но не гласаше за предлог измените во Законот за Изборен законик.

Пратениците со 78 гласа “за” одлучија сепак да ја почекаат политичката одлука која се очекува да биде соопштена по завршувањето на второто продолжение од лидерската средба која е во тек во Клубот на пратениците.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика