Временска прогноза!

Објавил: Перо Милчин | 18 јануари, 2021 9:56

ИЗМЕРЕНА НАЈНИСКАТА ТЕМПЕРАТУРА ДОСЕГА ОВАА ЗИМА ВО МАКЕДОНИЈА: ВО БЕРОВО -16°C

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ова утро во Македонија е измерена најниската температура досега оваа зима, најстудено беше во Берово каде температурата на воздухот падна на -16 степени.

Многу студено беше и во останатите места низ државава.

Во Битола се измерени -13 степени, во Крива Паланка -10 степени, Ѓуриште, Пожаране и во Претор се измерени -9 степени, и во Прилеп, Штип  и во Струмица се измерени -8 степени.

Како што претходно најавивме, студеното време ќе се задржи до крајот на денов и во текот на утрешниот ден, додека попуштање на студот и продор на нешто потопла воздушна маса од југ ќе имаме од среда.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...