Дали вакцинацијата треба да биде право на избор – ќе се расправа во Собранието по претседателските избори

Објавил: admin@magazin | 12 април, 2019 14:28

Изминатата недела рекорден број новозаболени од „морбили“ – дури 126

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дури 126 новозаразени со мали сипаници се регистрирани минатата недела, што е најмногу досега од почетокот на епидемијата. Повеќе од половината од нив се од внатрешноста на земјата.

Досега бројот на заболени со морбили е 961 од кои над сто се лекари и медицински персонал. На Инфективна се хоспитализирани 43 заболени а 11 деца има на Детска клиника. На Комисијата за заразни болести во вторник ке одлучат дали ќе прогласат епидемија во цела држава.

Инаку, оваа година 20 родители добиле прекршочни пријави поради невакцинирање на своите деца.

Сезонскиот грип стивнува, морбилите се шират, известуваат од Институтот за јавно здравје. Морбилите се раширени во 19 градови во Македонија, а активни епидемии на мали сипаници има во шест здравствени региони – Скопје, Тетово, Куманово, Гевгелија, Кичево и Струга.

Како што соопштуваат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, 11 родители  завршиле на суд, а останатите девет платиле парична казна која се движи од 300 до 650 евра.

Инаку се уште е на сила забраната за примање во градинките, а од мај на уписите ќе се бара и потврда за вакцинирани деца, при упис во основно образование, оние кои несе вакцинирани нема да може да се запишат во училишште.

Минатата недела Министерот за здравство Венко Филипче посочи дека до сега против морбили се вакцинирани околу десет илјади невакцинирани лица.

Дали вакцинацијата треба да биде право на избор – ќе се расправа во Собранието по претседателските избори. Изборната кампања ја одложи седницата  Собраниската комисија на 4 април, на која требаше да се расправа за оваа иницијатива, која ја поднесоа стотина граѓани. 

Граѓаните кои ставија потпис на иницијативата за укинување на задолжителната вакцинација велат дека се додека не се сигурни какви вакцини примаат нивните деца ќе водат битка со здравствените власти.

„Да биде дозовлено родителот да одлучи кога ќе вакцинира и истата вакцина која ќе биде наложена на детето да се вакцинира да има поткрепеност од каде доаѓа да биде сигурно што содржи внатре и луѓето да бидат сигурни и да престане оваа игра во здравството, каде што е поминат рокот, не е поминат рокот, сето тоа сакаме да бидеме срочено и да биде како што треба тогаш луѓето ќе почнат да имаат некоја сигурност за да ги вакцинираат своите деца“ – изјави Елена Павлеска – Предлагач на иницијативата.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...