Познатиот музичар и хумурист - Рамбо Амадеус се посветува на љубовта!

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 4 март, 2020 10:28

ИЗНЕНАДУВАЧКИ: Рамбо Амадеус одлучи да се бори за љубов

Фото/Текст извор: ©kurir.rs

Антоније Пушиќ, или на јавноста попознат како Рамбо Амадеус е внук на познатиот љубовен пар – Драган и Ева Топаловиќ. Познатиот љубовен пар му оставил во наследство имот на својот внук, Антоније, на кој тој одлучил да направи „куќа на љубовта“. Рамбо Амадеус има оригинален архитектонски план за градење на соларна куќа која воедно ќе има функција на музеј. Солдарната куќа ќе биде потпишана со „Драган и Ева“ а на ѕидовите од куќата ќе има фотографии од најпознатите љубовни парови во Врњачка бања.

Рамбо Амадеус се залага за љубовта

Куќата ќе биде престојувалиште и музеј 

Куќата ќе биде атракција за сите посетители на Врњачка бања. Од таа причина Рамбо Амадеус одлучил да ја предаде на туристички агаенции кои ќе договораат посети на „куќата на љубовта“. Благородните дејности на Рамбо Амадеус не завршуваат само во заложбите на чување и негување на култот кон љубовта. Имено, во последните неколку години, своите јавни настапи ги користи да го истакне значењето на енергетските ресурси и екологијата. Од таа причина и градбата која ја планира да биде „куќа на љубовта“, енергија ќе црпе само од сонцето. Рамбо Амадеус се залага за подигање на еколошката свест и со тоа што апелира жителите на Белград да користат што повеќе велосипеди во движењето низ центарот на градот одошто автомобили.

Рамбо Амадеус во последниве години го користи својот публицитет во кампањи за подигање на еколошката свест

Јавните настапи ги користи за подигање на еколошката свест

Рамбо Амадеус беше еден од најпознатите музичари во Југославија. Неговите музички стилови се мешавина од неколку музички жанрови, но и покрај тоа што немаат голема музичка вредности, тие се квалификувани како оригинални. Оригиналноста на музиката на Рамбо Амадеус произглегува од хуморот и сатирата што е содржана во текстовите и неговите настапи. Преку музиката што ја изведува и компонира, Рамбо Амадеус е еден од најголемите критичари на општествените случувања во бивша Југославија. Во помлади години, тој ги гледаше општествените случувања низ хумот, сатира и критика, во последниве неколку години го користи својот публицитет за подобрување на општественото живеење преку апели и говори.

Рамбо Амадеус е редок пример на уметник кој својот публицитет го користи за да потикне или истакне важност на општествени прашања. Тој е доказ дека уметниците имаат значајно место во општеството бидејќи користат разбирливи, слободни и универзални јазчни средства за испраќање на порака или укажување на критика.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.