Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена во почетокот на следната година ќе постанат родители по трети пат.

Објавил: admin@magazin | 25 април, 2019 17:24

ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Кон крајот на јануари ќе пристигне трето дете во фамилијата Ѓоковиќ !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ, во почетокот на наредната година ќе добијат трето дете.

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена во почетокот на следната година ќе постанат родители по трети пат. Тоа е напишано во ѕвездите и истото ќе се исполни, тврди познатиот српски астролог Душан Величковиќ за ВИП.

Јелена Ѓоковиќ во хороскоп е близнак, а во подзнак е Скорпија, нејзиниот месец прави конјункција со Марс, кој владее со нејзината петта куќа. Таа куќа е задолжена за деца и потомство, што значи дека постои голема можност за бременост во мај или јуни, тврди астрологот Душан Величковиќ.

Доколку Јелена остане бремена на 13 мај ќе роди уште едно девојче, а доколку затрудни на 13 јуни на свет ќе донесе момче. На Јелена и Новак им е запишано дека ќе постанат родители на три или четири деца и јас тоа од срце им го посакувам, тврди познатиот српски астролог Величковиќ.

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена имаат 4 годишен син Стефан и две годишна ќерка Тара.

Новак и Јелена во повеќе наврати за српските медиуми изјавуваа дека сакаат да се остварат како родители уште еден пат, но не откриваа повеќе детали околу тоа.

Тие имаат син Стефан и ќерка Тара.

Новак Ѓоковиќ е роден во Белград, СФР Југославија на 22 мај 1987 година, од родителите Срѓан и Дијана Ѓоковиќ. Неговите двајца помлади браќа Ѓорѓе и Марко, исто така, се тенисери со професионални аспирации.

Новак е оженет со Јелена Ристиќ. Тој започнал да игра тенис на четиригодишна возраст, а на осумгодишна возраст бил забележан од југословенската тениска легенда Јелена Генчиќ, која за него изјавила: „Ова е најголемиот талент кој сум го видела од Моника Селеш“.

На возраст од 12 години, Новак поминал три месеци во тениската академија на Никола Пилиќ во Минхен, Германија, а на возраст од 14 години, започнала неговата меѓународна тениска кариера, победувајќи на европскиот шампионат во поединечна, дубл и тимска конкуренција. Тој живее во Монте Карло, Монако. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.