На Јавниот повик имаат право да учествуваат правни лица: здруженија на граѓани, конзорциум на организации, научни установи, фондации и други.

Објавил: Владо Марин | 31 октомври, 2020 12:00

Изработка на Стратегија за млади на Град Скопје со акциски план за период 2021-2025!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Град Скопје објави Јавен повик за изработка на Стратегија за млади на Град Скопје со акциски план за период 2021-2025.

На Јавниот повик имаат право да учествуваат правни лица: здруженија на граѓани, конзорциум на организации, научни установи, фондации и други.

Цели на стратегијата:

– Поттикнување на младите активно да учествуваат во општеството низ афирмација и поддршка на младинските активности, младинската работа и неформално образование на подрачјето на градот Скопје;
– Поттикнување на сојузи, здруженија и други облици на здружување да учествуваат во креирање и спроведување на младинската политика во Скопје, вклучително во зајакнување на капацитетот на здруженијата за млади на подрачјето на град Скопје;
– Обезбедување услови за активно и квалитетно искористување на слободното време на младите;
– Поттикнување на младите за учество во спортско-рекреативни активности со акцент на негување здрави животни навики;
– Поттикнување на волонтерски активности кај младите, како и организирање на семинари и едукации;
– Поттикнување активности од областа на културата и уметноста на младите на подрачјето на градот Скопје;
– Поддршка на активности и проекти за заштита на животната средина и просторното уредување во Скопје.
– Поттикнување на младите во креирање идеи од областа на информатичката технологија;

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 09.11.2020 година до 15 часот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести