Започнува летната манифестација „Скопско лето“

Објавил: admin@magazin | 20 јуни, 2018 10:08

Израелската музичка ѕвезда Дадо Дганит го отвора Скопско лето

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Моќниот глас на израелската музичка ѕвезда Дадо Дганит на првиот ден на летото и светскиот ден на музиката 21 јуни, ќе го означи стартот на 39. издание на мултимедијалната манифестација Скопско лето. Настанот во рамките на кој ќе можеме да ги слушнеме и најеминентните музичари од Израел, ќе се одржи во Македонската опера и балет со почеток во 20.30 часот. Овој концерт е дел од педесетина настани од музичката, ликовната и театарската уметност кои до 31 јули ќе се одржуваат на 20 локации во Скопје.

“Секоја година Израел со своите најеминентни уметници е дел од Скопското лето, а со овој концерт заедно прославуваме 70 години од независноста на нашата држава”, истакна амбасадорот на Израел Ден Оријан.

Концертот се состои од два дела. Во првиот ќе настапи извонредната вокалистка чии композиции опфаќаат повеќе музички стилови, од религиски химни со антички ладино песни, како и нејзини композиции. Таа ја модернизира класичната еврејска култура, збогатувајќи ја со ориентален ритам, класика и клезмер звуци. Дганит има издадено шест албуми и постојано е на турнеи низ целиот свет. Вториот дел од концертот е настап на извонредната израелска флејтистка Хефциба Зер Авив, која свири на повеќе од 20 видови флејта, а на публиката и го пренесува нејзиниот уникатен и спектакуларен мозаик од израелски и медитерански егзотичен стил, заедно со автентичниот спиритуален звук на еврејското наследство.

Директорот на Скопско лето, Никола Глигоров, пак, посочи дека е задоволен што оваа манифестација 39 години опстојува на културната мапа на Скопје, Македонија и пошироко, за што се потврда и голем број уметници кои настапуваат во рамките на манифестацијата, во соработка со странските амбасади и културни центри.

“И годинава ќе го задржиме вниманието на публиката со разновидна, интересна и квалитетна програма во рамките на која ќе имаме изложби, театарски изведби, концерти на домашни и светски уметници, дел наменет за најмладите преку премиерни театарски изведби, како и десетина изложби и Кафе кино (од 12 јули). Дел од Скопско лето ќе бидат и промоции на книги”, најави Глигоров.

Ден пред официјалното отворање на Скопско лето, во НЛБ галеријата (20 јуни, 20.30 часот), ќе биде отворена изложбата на еминентниот македонски уметник Владимир Темков насловена “Потрага по смислата на ликовноста во соочувањето со убавината на природата”. Во петок, пак, во Македонскиот народен театар (21 часот) ќе гостува Градското драмско казалиште “Гавела” од Загреб, Хрватска со претставата “Крал Рикард Трети” од Шекспир во режија на нашиот режисер Александар Поповски.

‘Ричард Трети’ не е едноставен материјал и потребни се добри актери, а Гавела тоа го има. Посебен феномен е Озрен Грабариќ, кој го игра насловниот лик”, рече Поповски. Тој нагласи и дека е задоволен што ќе има можност пред македонската публика да го покаже тоа што го работи во во овој театар.

Промовиран водичот за 7 илјади години култура во Скопје

Во рамките на најавата на програмата за Скопско лето, промовиран е водичот за Скопје на англиски јазик „Guide Book Skopje“ на издавачката куќа “Љубовта е петтиот елемент”. Според претставникот Гоце Дртковски, водичот содржи податоци за се што е вредно во седум илјади години култура во Скопје.

“Македонија чекаше цели 25 години да ја добие оваа енциклопедија на англиски јазик, која е направена на ниво на европски водич и претставува една од најдобрите книги за претставување на една престолнина во пошироки рамки“, посочи Дртковски. Тој најави дека наскоро ќе излезе и трета книга, поточно водич на англиски јазик и за Охрид.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Во 1871 година го објавил препевот на „Илијадата“, но бил жестоко искритикуван, од бугарската критика бидејќи пишувал на општословенски, а не на бугарски литературен јазик (кој не го знаел добро).

ЗА ЖИВОТОТ НА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ – „СЕРДАРОТ“

Татко му починал кога тој бил шестмесечно бебе, па грижата за семјството паднала врз...

Градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска, денеска присуствуваше на промоцијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и УСАИД, каде беше промовирано „Упатството за огранизирање заеднички наставни часови

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес!

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес! Градоначалничката...