Најново метео

Објавил: admin@magazin | 28 ноември, 2021 16:36

ИЗРАЗЕНИОТ СТУДЕН БРАН СЕ ПОБЛИСКУ ДО НАС – СНЕГОТ ДОАЃА ПОНЕКАДЕ И ВО ГРАДОВИТЕ!

Фото/Текст извор: ©магазин

Вечерва и во текот на ноќта врнежите од запад ќе се прошират насекаде и ќе бидат НАЈИНТЕНЗИВНИ во западните предели, каде локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог. На повисоките планини ќе врне снег, додека локално ќе има услови и за појава на грмежи. Ќе дува и умерен до засилен, повремено на некои места и СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец.

Температурите вечерва и во текот на ноќта ќе се движат во интервалот од 4 до 10 степени.

Утре и понатаму ќе има повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени. Локално е можна појава на нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи.

Под влијание на СТУДЕН БРАН од север, во вторник ќе има врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините, каде ќе се формира снежна покривка, а на планините ЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголеми. Услови за провејување на снег во вторник ќе има и на некои пониски места, особено во западните предели. Ќе дува и засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието.

Температурите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ  и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени во најтоплите предели.

Потоа поради разведрувањето во среда наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури насекаде ќе се спуштат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од – 9 до 0 степени. На планинските места истите ќе се спуштаат и под – 10 степени.

И во Скоспкиот регион утре ќе има повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет, додека во вторник ќе дува засилен северен и северозападен ветер а температурите значително ќе се намалат, со што услови за локално провејување на снег ќе има и во Скопскиот регион. Температурите ќе се искачуваат до околу 13 степени, а од вторник истите ќе се спуштат на 6 степени. Во среда наутро ќе биде студено и минималната температура ќе се спушти до околу – 4 степени.

НАПОМЕНА: Со овој студен бран, доаѓа и првото поголемо количество на снег на скијачките центри, па затоа доколку сте лубители на скијањето и на снегот, искористете го ваквото време во текот на следниот период.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...