вторник, 23 април 2024

MK/ EN/ DE



Грозоморниот чин бил снимен од камери во средата наутро и на видео снимките  се гледаат двајца мажи со полуавтоматски пушки како излегуваат од црвен автомобил и пукаат во бел Нисан.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 ноември, 2019 11:38

Изрешетан со 150 куршуми- убиен полицаец кој учествувал во апсење на синот на Ел Чапо

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дури 150 куршуми завршиле во телото на полициски службеник во Мексико, кој бил вклучен во апсењето на синот на накобосот Хоакин „Ел Чапо“. Полицискиот службеник Едуардо Н. бил убиен на паркингот.

Грозоморниот чин бил снимен од камери во средата наутро и на видео снимките  се гледаат двајца мажи со полуавтоматски пушки како излегуваат од црвен автомобил и пукаат во бел Нисан.

Полициската заседа траела помалку од 30 секунди, но за кратко време напаѓачите го совладале белиот автомобил во кој бил полицискиот службеник со најмалку 150 куршуми, објави Дејли Меил.

Убиството се случило во трговски центар во Кулиакан, главен град на мексиканската држава Синаола.

32 годишниот полицаец кој бил убиен бил идентификуван како Едуардо Н.  припаѓал на елитната единица на државната полиција.

Според извештаите на локалните медиуми, на 17 октомври офицерот учествувал во апсењето на Овидиј Гузман Лопез, син на Ел Чапо Гузман, шеф на нарко картелот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.