Според Илиевски, тврдењата на Вучиќ за реализација на „македонско сценарио“ во Србија се класична демагогија и дезинформации.

Објавил: admin@magazin | 18 март, 2019 23:45

Илиевски: „Ако Вучиќ го сака Груевски, нека појде Будимпешта и нека се напијат кафе заедно“

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Претседателот на Партијата на Македонците во Србија, Горан Илиевски вчера во гостувањето на Централниот дневник на 1ТВ, рече дека ирационална е надворешната политика која Република Србија ја води кон Македонија и постојаните напади од српскиот претседател Александар Вучиќ кон премиерот Зоран Заев и Владата.

Горан Илиевски рече не ги знае причините зошто српскиот претседател Вучиќ не пропушта ни една прилика да ги коментира случките во Македонија, но според него блискоста на Вучиќ со претходната власт и екс премиерот Груевски е мотивот за ваквото однесување со Република Македонија.

„Ако Вучиќ толку го сака Груевски, блиску му е Будимпешта, нека појде таму и нека се напијат кафе заедно“, вели Илиевски.

Македонското национално малцинство, заедно со останатите малцинства во Србија, минатата година во ноември  избраа членови на новиот Национален совет, но со бојкот на дел од македонските гласачи, поради политички притисоци од актуелната власт во Србија.

Тој рече дека е за голем поздрав тоа што и покрај прозивките од претседателот Вучиќ, Владата на Република Македонија и подава рака на Република Србија, не провоцира и води коректна политика со Српското Министерство.

Илиевски рече дека неговата партија нема да има никаков контакт со српскиот претседател Вучиќ, се додека властите водат непримерна политика кон неговата матична земја Македонија.

Како што е познато во јавноста на повеќе досегашни средби на Македонците во Србија, како и на средбите со претставниците на македонските власти, беа искажани големи проблеми и неслога, со големи обвинувања на работата на постоечкиот Национален совет и распределбата на финасиски средба на Македонците во Србија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести