Тој вели дека поранешниот генерален секретар на СДСМ, го отвора локалот преку неговиот фризер.

Објавил: admin@magazin | 18 август, 2019 15:38

Илиевски: Кирацовски вечерва отвора локал преку неговиот фризер!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Александар Кирацовски вечерва отвора локал во центарот на Битола, пишува Душан Илиевски, познат како Душко Млекарот.

Тој вели дека поранешниот генерален секретар на СДСМ, го отвора локалот преку неговиот фризер, информира Република.

Се крие ли Кирацовски позади неговиот фризер, прашува Илиевски.

Кирацовски бизнисменот! Кирацовски – Кики, денес свечено отвора негов локал во строгиот центар на Битола (Кафе Централ). Кирацовски се крие зад неговиот фризер Димче Кармен.

Дали Кирацовски ќе се појави на свеченото отворање на неговиот кафич, прашува Илиевски.

Кирацовски беше дополнителен заменик-министер во министерството за информатичко општество и администрација во техничката влада на Емил Димитриев во периодот 2015–2016, а потоа бил избран за пратеник на парламентарните избори во 2016 како втор носител на листа на СДСМ во петтата изборна единица, каде партијата освоила девет мандати.

На партискиот конгрес во јуни 2017 тој бил именуван за генерален секретар на СДСМ, откако во претходниот мандат 2013–2017 бил потпретседател на партијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести