Историски факти и податоци

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 август, 2018 9:17

Илинден за прв пат се славел во Крушево пред точно 100 години

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Крушево и Македонија денес ја чествуваат 115 годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република.

Но кога за прв пат се прославил големиот историски датум?

Првата официјална прослава на Илинденското востание била во Крушево во 1918 година на крајот од Првата Светска војна а по повод 15 годишнината до Востанието.

Градот за тој настан бил во свечен лик. Биле истакнати црвени знамиња и црвени јаболии или флокати како што ги нарекуваат крушевчани по балконите од куќите.

Крушевските дуќанџии тој ден биле затворени бидејќи се празнувал и голем и значаен историски празник.

Централен настан во чествувањето била Панихидата која се одржала во крушевската црква Успение на пресвета Богородица но и во сите крушевски цркви а присутни биле и граѓаните но и најблиските на загинатите Илинденци како и преживеани борци од Илинденското востание.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Илинден

Претседателот Иванов на централната манифестација во Крушево со јасни пораки и за Илинден и за политичката криза која се создаде со Договот за промена на името

Иванов: “Судбината на Македонија е во рацете на самите Македонци!”

Не го прифаќам грчкиот договор кој е на штета на македонскиот национален...