Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот народ заради тоа што на 2 август започнало Илинденското востание во 1903 година, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 јули, 2020 20:07

Илинден ќе се слави во Крушево со утврдени безбедносни протоколи!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Големиот македонски празник Илинден годинава ќе ја одбележи 117-годишнината на Мечкин Камен.

Илинден како државен празник е неработен ден во Македонија. Претседателот и владата на Македонија организираат разни свечености на повеќе локации низ Македонија. Традиционално претседателот празникот го чествува во Крушево на Мечкин Камен. Таму е и централната манифестација. Мечкин Камен е посетен од голем број на државни и други делегации и голем број на граѓани. Поради проблемите што македонските делегации ги имале во минатото со српските црковни достоинственици, како замена за достоинственото чествување на АСНОМ, Македонија во близина на манастирот Св. „Прохор Пчински“ има изградено меморијален центар наречен „Пелинце“. Тука традиционално делегацијата ја води претседателот на Сорбранието.Премиерот на Република Македонија кон прославата се приклучува на традиционалниот иселенички собир кој се одржува во селото Трново. Едно од најавтентичните настани за Илинден е традиционалното пристигнување на коњаниците во Крушево кои на традиционалниот Илинденски марш секоја година тргнуваат од скопско Горно Лисиче на 27 јули. Постои и маршрута на планинари кои од Скопје пеш одат кон Мечкин Камен. (ФОТО ПРЕСИНГ ТВ)

Од страна на Комисијата за заразни болести дадено е одобрение за организирање на празникот, но појаснуваат дека сето тоа ќе биде според претходно утврдени протоколи, објавува Фактор.

-Комисијата дозволи да се одржи прослава на Илинден, но нема да биде како во изминатите години. Нема да биде тоа масовна прослава, туку на организаторите им ги дадовме протоколите како да го организираат настанот. Бројот на учесници ќе биде многу помал, а останатите мерки се веќе оние кои постојано ги препорачуваме, вели епидемиологот д-р. Александар Стојанов.

Тој потенцира дека од исклучотелна важност е носењето заштитни маски, без разлика што прославата е на отворено на Мечкин Камен, како и одржување на социјалното растојание.

-За се имаме дадено протоколи, важно е да се почитуваат, само така нема да имаме проблеми и нема да се зголемува бројот на нови заразени со корона вирусот, потенцира д-р. Стојанов.

Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот народ заради тоа што на 2 август започнало Илинденското востание во 1903 година, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ. Денес, илинденската традиција е испреплетена со патриотски, фолкорни и религиски симболи, што го прави Илинден еден од најважните празници во Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести